Република Македонија сака да гради добрососестки и пријателски односи со Грција и ние сме подготвени за продолжување на разговорите што за разликите со името се водат под покровителство на Обедниетите Нации, ова е ставот македонскиот претседател Бранко Црвенковски што го пренесуваат од неговиот Кабинет, потенцирајќи дека ова ќе биде посочено и на денешната средба на Црвенковски со грчкиот премиер Костас Караманлис во Солун во рамки на Самитот на шефови на држави и влади на Процесот за соработка во Југоисточна Европа. Инаку, во изминативе неколку месеци македонскиот државен врв оствари неколку средби со грчките власти. Средбите се оценуваат како напредок во нормализацијата на политичките односи меѓу Македонија и Грција, кои посебно беа нарушени по признавањето на уставното име на Македонија од страна на Соединетите Држави во 2004-та година. Во насока на оценката за затоплување на односите меѓу двете земји е отварањето на грчкиот конзулат во Битола, како и последната средба од пред два месеци во Брисел меѓу македонскиот премиер Владо Бучковски со неговиот грчки колега Костас Караманлис. По средбата премиерот Бучковски изјави дека двете стани ќе го почитуваат договорот во изборна година да не се разговара за единствената разлика во билатералните релации меѓу двете земји - спорот со името. Ситуацијата околу овој проблем е непроменета. Македонската страна потенцира дека двојанта формула е најдобро решение. Последната изјава од официјална Атина пак, дадена од грчкиот Министер за надворешни работи Дора Бакојанис е дека во насока на европските интеграции на Македонија, прашањето со името треба да биде решено на заеднички прифатлив начин. Посредникот во разговорите Метју Нимиц од своја страна кон крајот на март, соопшти дека во оваа фаза нема да излезе со нов предлог за името како последициа на искуството при неговирите претходни обиди за изнаоѓање на заедничко решение меѓу двете страни.
Проблемот со името, се оценува како единствен проблем меѓу Македонија и Грција. Имено на полето на економијата, според податоците, двете земји бележат добра соработка. Според статистичката, Грција е меѓу најголемите странски инвеститори во земјава. Маја Ќурчиева, раководител на Секторот за странски инвестиции во македонското министерство за економија изјавува:
„Како најголем инвеститор во Македонија се јавува Грција во вложени 268,4 милиони американски долари.„
Освен индивидуалните средби на македонскиот државен врв, денеска на Самитот во Солун шефовите на држави и влади од Процесот за соработка на Југоисточна Европа ќе разговараат и за развојот на инфраструктурата и регионалната стабилност.