Достапни линкови

Европски традиции само со европски плати


Празникот на работникот 1 мај треба да се слави два дена, а не еден реагираат граѓаните по вчерашната иницијатива на Стопанската комора да се празнува еден наместо како досега два дена. Граѓаните со различни коментари. Повеќето од нив велат дека за добро да се одморат им се потребни двата дена.

„Поубаво да бидат два дена, има многу нервози, требаат денови.“
„Тоа е стара традиција и не треба да се напушти.“
„Не е доволно еден ден.“


За други пак сеедно е дали ќе биде неработен само први или и втори мај, оти како што велат поради тешката финансиска ситуација празникот ќе го поминат дома.

„Кога имаше пари, ни одговараше да одмараме, а кога нема, исто ми се фаќа“

Некои од соговорниците велат дека не им пречи втори мај да биде неработен. Кога скоро сите други нации работат можеме и ние, велат граѓаните.

„Само први, нели одиме за Европа...“
„Сакам да работам, не мора да лежам.“


Од Конфедерацијата на слободни синдикати остро реагираат на ваквата иницијатива, со образложение дека работникот во Македонија има минимални права за кои воопшто не се води сметка. Со ваквиот предлог велат оттаму се кратат и онака малкуте работнички права.

„Категорички сме против тоа, ова е само иритација, прво треба други работи да се почувтствуваат, па после,“

изјави Светлана Петровиќ од КСС

Со ист став и Сојузот на синдикати.

„Освен што се скратуваат правата на работниците, сега е модерно да им се одземе и празникот на работниците. Секогаш господата се повикуваат на европски традиции, зошто не се повикаат на европски плати?“

изјави портпаролот на ССМ, Пеце Груевски. Освен Македонија, денот на трудот два дена го празнуваат Филипини, Литванија, Србија и Црна Гора и Албанија.
XS
SM
MD
LG