Постои различно темпо на спроведување на реформите во безбедносните струкутри во државава, посочуваат експертите, но оваа критика деновиве беше упатена и од меѓународната заедница која ја потсети Владата на неопходноста од спроведувањето на реформите во полицијата. Сосема точен е впечатокот дека Армијата односно Министерството за одбрана, спроведе поголем дел од реформите согласно НАТО аспирациите, додека јавноста не виде поголеми промени во полицијата, вели професорот од Правниот факултет Владо Поповски:
„Заклучокот би бил дека во МВР многу доцнат реформите. Очигледно е дека во МВР неопходно е да се реконструира самата структура и внатре во него да се формира еден столб за борба против тероризмот и организираниот криминал.“
Говорејќи од аспект на различно темпо на спроведување на реформите, професорот Поповски причините ги лоцира во високиот степен на криминал, корупицијата и митото кои длабоко се навлезени во редовите на полицијата на која вели тој, од овие причини не и одговараат реформи, наспроти Армијата:
„Би рекол дека Армијата не е засегната од мито, корупција, организиран криминал и слично, додека полцијата е влезена во тој „филм“. МВР кое е во позиција токму да се фати за „гуша“ со тој вид криминал, е во позиција на меѓусебна толеранција“
Потенцира Поповски.
Во Министерството за внатрешни работи пак уверуваат дека реформи се спроведуваат, според утврдената агенда. Но најголемата критика е за сеуште недонесениот Закон за полицијата, во кој се предвидени реформите што треба да ги почувствуваат граѓаните.
„Зошто досега не е донесен Законот? Веројатно причината лежи во Владата, затоа што од страна на МВР тој закон е подготвен и доставен до Владата.“
Изјавува Војче Зафировски од МВР. Во насока на спроведување на реформите во Министерството за одбрана најавуваат дека тие целосно ќе бидат завршени до 2008 година:
„Министерството за одбрана продолжува со реализација на зацртанатие планови и програми нашите активности ќе бидат насочени кон трансформација на Армијата согласно Динамичкиот план за трансформација.“
Потенцира Биљана Аврамовска портпарол на МО.