Достапни линкови

Што прави Владата за заштита на македонското малцинство?


На македонското малцинство во соседна Бугарија и оваа година како и веќе традиционално речиси секоја претходна, не му беше дозволено да ја одбележи годишнината од смртта на Јане Сандански. Не изостанаа притисоците и провокациите, упатени кон македонците кои немаат право на уживање на своите права во соседна Бугарија, истакнаа учесниците на собирот. Неодамна реагираше и здружението на македонци во Србија, македонците се асимилираат, а во усовената декларација од српскиот Парламент македонскиот не е признат како јазик на малцинство. Состојбата и со македонците во Албанија и Грција е слична. Што прави Владата за заштита на македонското малцинство во соседството и пошироко? Сашо Тодоровски државен советник за иселеништво во Министерството за надворешни работи изјавува:

„Едно е она што изјавува правно советништво, значи се работи за државјани на други држави, коишто мораат да дејствуваат во своите држави, па дури откако ќе ги исцрпат правните средства за некакви проблеми, може да се обратат до меѓународните тела. До сега, мислам дека не покажа сериозни резултати и време е да се обидеме вистински во оваа насока. Втората насока е развивање живи врски со татковината, и број три, скромна финансиска поддршла.“

Говорејќи од своето искуство, поранешниот македонски амбасадор во Бугарија Љубиша Георигиевски вели дека на амбасадорот му остануваат малку ,,можности,, за некакво подобрување на состојбата на македонско малциниство во конкретната држава. Тој додава дека за тоа е потребно поголемо ангажирање од страна на матичната Влада.

„Амбасадорот не може да води политика, туку само да спроведува политика, а се зависи од владата, колку интензивно ќе се занимава со тие проблеми.“

Вели Георгиевски. Од аспект на законодавна форма постојат меѓународни декларации за заштита на правата на припадниците на малцинствата, но се е работа на нивно почитување од страна на конкретната државата, е реакцијата на Хелсиншкиот комитет за човекови права.

„Бидејќи Грција го нема ратификувано рамковниот договор за заштита на малцинствата, исто така и Србија, за разлика од Бугарија, различни инструменти може да се применат и на различен начин може да реагира и нашата влада.“

Посочува претседателот на Хелсиншкиот комитет Мирјана Најчевска. Македонија ги гарантира правата на заедниците во земјава, а повеќето од нив се споменати и во текстот од преамбулата на Уставот.
XS
SM
MD
LG