Консултациите со пратеничките групи за датумот за одржување на избори претседателот на Собранието Љупчо Јордановски ги започна денеска. Веке подолго време во јавноста се споменуваат термини за одржување на изборите, дилемите се дали тие да бидат во летниот период или пак во септември, последниот посочен датум е 5 јули. Од ВМРО-ДПМНЕ со апел премиерот Владо Бучковски да го каже датумот, бидејки како што велат оттаму за тоа одлучува СДСМ. Согласно со правните акти претседателот на Собранието ги распишува изборите, а праксата покажува дека за датумот на одржување одлучува премиерот во договор со другите политичките партии.
„И во овој момент претседателот на Собранието е тој што само номинално треба да ги расоуше изборите, но ако си ја врши функцијата според Уставот и законите, ако е претседател на сите пратенички групи и претседател на Собранието тој не смее така да работи. Значи, тој треба да одлучи кој е во овој момент најпогоден тремин, но кај нас праксата покажува дека политичките избори ги распишуваат партиите во владата, така ќе биде и сега, само конечниот збор ќе го има договорот меѓу Бучковски и Али Ахмети.“
изјави Тито Петковски поранешен претседател на Собранието.
Парламентарните избори се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштање на Собранието. Експертите посочуваат дека и во останатите земја лидерите на највлијателните партии го одредуваат датумот за одржување на изборите, оттука координацијата е во таа функција
„Во европските држави тоа се прави потскриено, односно понадвор, од условно очите на јавноста, без многу калукации, без многу играње со термините и со датумот на избори пред јавноста, зашто тоа е многу повеќе техничко прашање. И кај нас треба да седнат сите релевантни фигури, да се договорат и да ни го објават денот на распишување на изборите и нормално, претседателот на Собранието тоа потоа да го направи формално.“
вели Тања Каракамишева од Правниот факултет во Скопје