Достапни линкови

Годинава поскромно од лани


Велигденската трпеза годинава ќе биде поскромна велат граѓаните. Цените се високи, а платите и пензиите мали се жалат тие. И продавачите тажно раскажуваат дека продажбата опаднала иако раздвижување сепак има.

„Скромно, колку малку да се одбележи“
„Цените се катастрофа, гледам на јајцата прво. И месото“
„Кај нас е пракса, кога има поголем празник, веднаш да се покачат цените – тоа е срамота.“


Традиционално, на велигденската трпеза се служи јагнешко месо. Но некои од граѓаните ни рекоа дека поради високата цена на килограм јагнешко, што се продава по 300 денари, оваа година ќе го заменат со друг вид на месо.

„Месово да кажам за нас пензионери, и имам син невработен, ќе купам копани – пилешко и риба. Тоа е поефтино. Инаку, месото е скапо.“
„Јагнешко не купувам, ќе заменам, мусака ќе направам, сарма има.“


Ваквата состојба ја потврдуваат и во месарниците. Од таму велат дека иако во споредба со минатите години цената на јагнешкото е пониска, купувачи има се помалку.

„Не е така како порано. Порано било и поскапо.“

Продавачите на јајца и бои за бојадисување велат дека не памтат толку мала продажба.
И тие се согласуваат дека главна причина е намалената куповна моќ на граѓаните.

„Тие што купуваа по две – три табли сега купуваат само една.“
„Луѓето имаат малку пари, слабо оди, не може, цел ден седиме.“


На пазарот забележавме и продавачи кои се пофалија со зголемената продажба. Велат ги намалиле цените, а тоа предизвикало зголемена потрошувачка.

„Ние за празниците ги намалуваме цените, да ги привлечеме муштериите за поголем промет, се исплаќа.“

Иако пазарот има широка понуда на велигденски украси кои треба да ја збогатат празничната атмосфера во домот, граѓаните незаинтересирано ги одминуваат,надевајќи се дека следната година ќе имаат пари и за такви ситни задоволства.
XS
SM
MD
LG