Достапни линкови

Решавање на статусот до крајот на годинава


Специјалниот американски преставник за Косово Френк Визнер во рамките на посетата на регионот денеска престојува во Белград на разговори со српскиот државен врв. Тој во Белград допатува од Косово каде што изјави дека очекува статусот на покраината да биде решен до крајот на оваа година.

Официјален Вашингтон го подржува ангажманот на специјалниот птратеник на Обединетите Нации за Косово Марти Ахтисари и е задоволен од досегашните активности на Косовската страна на разговорите во Виена, изјави при посетата на Приштина специјалниот американски преставник за Косово Френк Визнер. Тој рече и дека Соединетите Држави очекуваат решение за статусот до крајот на оваа година.

„За да го направиме тоа, ургентно е , а тоа е американски став, статусот на Косово да се најде до крајот на 2006 година. Решението треба да биде такво за на регионот му овозможи просперитет, стабилност и европска интеграција.“

Американската влада, рече Визнер го цени ангажирањето на Приштина во создавањето демократско општество. Специјалниот американски преставник за Косово Френк Визнер разговараше и со преставниците на србите при што во врска со правата на малцинствата изјави.

„Тоа е значаен чекор што треба да се направи. Владите разговараат за широки прашања, а заедниците се тие што треба да си подадат рака за подобра иднина на мнозинството и малцинството.“

Визнер по средбата со српските преставници на Косово нагласи дека православните манастири и споменици на Косово мора да бидат сочувани.
XS
SM
MD
LG