Амбасадорот Френк Виснер, специјален пратеник на Соединетите Американски Држави за Косово денеска во посета на Македонија. Решавањето на статусот на Косово и македонските ставови ке бидат тема на разговорите со претставници на државниот врв. Македонија ќе го прифати решението за статусот што ке биде постигнато мегу Белград и Приштина, а во согласност со мегународната заедница, но притоа да не се повредува територијалниот интегритет на земјава, ова велат од државниот врв е официјалниот став.Мегудругото, посочуваат оттаму дека идејата е по решавањето на статусот да се засили регионалната стабилност и да се забрзааат евроатлантските процеси на сите земји во регионот. Прашањето за демаркација на северната граница во делот со Косово коај е околу 100 километри според извештајот на мегународните претставници треба да се реши пред да се донесе решението за финалниот:
„Тоа веќе не е политичко прашање затоа што имаше јасни изјави во повеќе наврати и на лидерите на косовските Албанци, дали се во позиција или опозиција дека тие ја почитуваат административната граница меѓу Македонија и Косово. Она што нам ни претставува проблем и се обидуваме да изнајдеме решение е како во овој момент да го откочиме процесот кој дефинитивно веќе повеќе од 18 месеци нема никаков напредок. А тоа е да изнајдеме решение и дефаткто да го најдеме во овој момент нашиот контра – партнер. Имаме реално проблем - сите ја почитуваат резолуцијата 12 44, но реално Белград не може да биде нашиот контра партнер, во демаркацијата на граничната линија. Од друга страна косоварите затоа што го немаат меѓународниот легитимитет, тоа не може да го направат. Може само еднострана изјава на волја дека во моментот кога би го имале тој легитимитет би ја почитувале административната граница.“
изјави премиерот Владо Бучковски во интервјуто за радио слоодна европа. Несомнено е дека станува збор за техничко прашање, велат од кабинетот на претседателот Бранко Црвенковски и додаваат дека мегународната заедница треба да покаже поголема иницијативност.
Стручната јавност коментира дека државниот врв и покрај проблемот што постои, а тоа е дека од една страна формално партнер на Скопје е Белград, а од друга дека Приштина нема мегународен легитимитет за да биде страна во меѓународен договор, треба да побара израз на политичка волја од косовските власти за потврдување на границата, а дури по решавање на статусот да се бараат правни решенија.