Светскиот совет на рускиот народ е собрание на русите кои живеаат низ светот и на него претседава московскиот патријарх. На годинашниот собир, главна тема беа човековите права и црковната позиција за ова прашање. Митрополитот Кирил, кој во Руската православна црква е задолжен за меѓуверските односи обелодени свој концепт за таканаречена морална автономија. Кирил вели дека Православната Црква не може да прифати потсмевање на светите работи, не може да прифати абортус и хомосексуалност или еутаназија. Сите тие, како што вели тој, често се бранат како човекови права.
„Не треба да плачеме за растечката ксенофобија во време кога откриваме можности за човек без морални вредности, кој не ги почитува светите места, кој плука на неговата татковина и кој ја уништува неговата култура. Таквиот човек ќе оди и ќе убива врз расна или верска основа. Постои една и неделлива етика.“
Вели Кирил додавајќи дека токму секуларизмот предизвикала ксенофобија во Русија. Ваквите негови оценки беа поддржани од рускиот патријарх Алексеј Втори:
„На каков начин ваквата западна визија за човековите права им дозволува на православните да живеат во согласност со верата?“
Не е прв пат тоа што Руската православна црква го поставува прашањето за вредноста на универзалниот концепт на човековите права. Таа веќе го најави планот за формирање центар кој би бил задолжен за прашањата за човекоите парава и слободи. Според Кирил, во овој центар проблемите би се решавале врз основа на руските национални и црковни традиции. Сето ова предизвика различни реакции во Русија. Обудсманот Владимир Лукин вели дека на ваквите црковни оценки не треба да се гледа како на нова државна политика. На исто мислење е и Алисон Џил, директор на московската канцеларија на Хјуман Рајтс Воч:
„Човековите права се универзални и нив не ги дава владата, туку таа е задолжена да ги заштитува. Руската влада е потписник на сите поголеми договори за човекови права, што значи дека човековите права се составен дел на рускиото правосудство, односно не е е нешто наметнато од Запад.“
Вели Алисон Џил од московската канцеларија на Хјуман Рајтс Воч.