Достапни линкови

Позитивно влијание за економијата


Договорот за слободна трговија во ЈИЕ може да биде поттик за создавање поконкурентни македонски производи, коишто полесно би се пласирале на други пазари, оценуваат експертите. Според нив, ова е и шанса економската елита во земјава да почне да го менува своето досегашно однесување:

„Македонија беше потопена 15 година од она што беа објективни случувања, а и отпор за промена на македонската политичка и економска елита, којашто не сакаше да учи и да се научи да плива во новите услови. Да се преобрази менаџерската и претприемачката структура на Балканот, нам ни треба соработка со многу посилни економии, со многу посилни претпријатија, кои ќе донесат нова технологија и ноу хау,“

изјави Љубомир Кекеновски, професор на економскиот факултет во Скопје.

Во поодделните економски сектори во земјава мислењата се различни:

„Конкретно во ИТ секторот се задоволни, во услугите се пола – пола, а производителлите се исплашени. Проблемот кај произвидителите е кај границите, зашто ова не го решава проблемот со чекање на граница,“

вели Дарко Велков од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Борко Ханџиски, советник за економски прашања во мисијата на ЕУ посочува, несомнено е дека ќе се поедностави соработката:

„Идејата е позитивна, зашто ќе ги замени билатералните договори за слободна трговија. Ова значително ќе ја олесни трговијата.“

Договорот за слободна трговија во ЈИЕ треба да се потпише до крајот на годинава, а да стапи во сила од следната година.
XS
SM
MD
LG