Господине Бучковски - од економските состојби во Македонија се незадоволни 80 насто од граѓаните. Како мисите да ги придобиете овие гласачи?
Ние тоа го знаеме и во тоа препознаваме наса голема шанса. Еден од главните столбови на кои ќе почива нашата изборна програма е економијата покрај европеизацијата која ја продолжуваме и едукацијата е исклучително битна. Мора да се инвестира во младата генерација која ќе биде предводник во европска Македонија. Економските проблеми верувам дека ќе ја донесат предноста на коалицијата која ја предводи СДСМ. Верувам дека она што го имаме сега како позитивен прв чекор во промовирањето на Македонија како атрактивна дестинација за инвестиции и по продажбата на ЕСМ – Дистрибуција ќе биде охрабрување за другите потенцијални инвеститори да инвестираат во Македонија. Тоа, и со статусот кандидат на ЕУ верувам дека оваа 2006 ќе биде запишана како најуспешна економска година во поновата историја на Македонија. Всушност искуството за кое говоревме денеска во Чешката Република зборува деке по добивањето статус кандидат за ЕУ, а уште повеќе по добивањето полноправно членство во НАТО за двојно или тројно се зголемуваат инвестициите.
Опозицијата смета дека стравувате оти ќе ги изгубите изборите и дека СДСМ ги креира тезите за таканаречени Големи Коалиции?
Не, јас во секој случај се обидувам да бидам пореалистичен од опозиционите лидери. Знам дека овие избори ќе бидат исклучително интересни дека на крајот резулатот меѓу прво пласираниот и второпласираниот ќе биде тесен. Но, во секој случај се повеќе сум убеден, тоа и отворено го кажав дека според последното испитување на јавното мислење компарирано со слични искуства во државите во регионот даваат многу поголеми шанси на владеачката коалиција да биде победник на следните парламентрани избори.
Можни ли се добри европски избори во Македонија и стравувате ли дека е можно макар и минорни нарушувања да бидат алиби за забавување на македонскиот пат кон Европа и НАТО?
Дефинитивно во октомври ќе биде клучниот извештај за европската иднина на Република Македонија. Тој директно ќе биде индикатор за она што од нас го очекуваат нашите европски партнери. Да се покажеме онаму каде што имавме многу шанси и поправни испити, а тоа е на првата и најбитна лекција од почитувањето и развојот на демократијата во организирањето фер и демократски изборти. Македонија нема право на повторна шанса да покаже дека знае умее и може да организира успешни фер и демократски избори. Јас сум оптимист во тој поглед затоа што чувствувам една поинаква атмосфера меѓу сите политички партии. Мислам дека и Меѓународната заедница нема да жали ниту труд ниту средства да направи се во Македонија да се организараат исклучително фер и демоктратски избори. Велам исклучително фер затоа што верувам, иако е кажано како добра узречица од генералниот секреатр на НАТО дека очекува 110 насто фер и демократски избори. За нас е најбитно да ако некаде имаме било какви неправилносто да имаме систем и механизми кој ќе доведе низ една демократска процедура таму сепак да се почитува волјата на граѓаните и гласачите. Во секој случај јас сум оптимист но од друга страна останува сите политички субјекти да го сторат своето и да промовираат една многу поинаква атмосфера во споредба со минатите локални избори.
Очекувате ли радикализација во албанскиот блок пред избори со оглед на кажаното и од вашиот партнер Али Ахмети на Косово?
Па, јас не гледам на изјавата на Ахмети како на провокација или промовирање на поинакви идеи од оние кои ги знам. Дефинитивно ДУИ е за проевропската опција на Македонија. Од друга страна во изборната кампања – не знам, заради нивното условно речено релативно неискуство како ќе одолеат на предизвиците и на провокациите кои веќе ДПА главната опозициона албанска партија почнува секојдневно да ги упатува кон нив. Верувам дека ДУИ нема да влезе во таа замка затоа што тоа нема да биде добро за целиот регион воопшто. Јас се обидувам да промовирам, и на моите средби што ги имав и со албанскиот премиер и на првата средба со косовскиот премиер, дека тие двајцата мора да испраќаат сериозни сигнали до албанските политички партии во Македонија дека стабилноста на Македонија е исклуцително битна и за остварување на она што го посакуваат сите Албанци во регионот, а тоа е до крајот на оваа година да има решение на евентуалниот финален статус на Косово. Било какви нерегуларности на изборите во Македонија, било какви дестабилизирања на стабилната политичка ситуација сметам дека ќе бидат контра продуктивни за интенциите кои ги имаат сите граѓани на регионот од албанско етничко потекло.
Постои ли единствен државен и владин став за статусот на Косово и за нашата граница со Косово со оглед на различните изјави внатре во владата, а од друга страна на претседателот Црвенковски?
Официјалниот став не е променет. Ние во секој случај заедно со Меѓународната Заедница ќе се обидуваме да го одиграме тоа што од нас се очекува, а тоа е конструктивна улога, ширејќи го нашето позитивно искуство во имплементирањето на рамковниот договор и во промовирањето на единствената држава во регионот која продуцира стабилност врз основа на Охридскиот Рамковен Договор и реално ние сме единствената мултиетничка, мултиконфесионала, мултикултурна заедница во регионот. Дали тоа ќе биде од помош за Белград и за Приштина во овој момент е тешко да се процени затоа што последниот развој на настаните говори дека постојат дисонантни тонови. Од една страна имаше инсистирањето на Белград, да има директни разговори меѓу Белград и Приштина за евентуалниот финален статус на Косово и од друга страна одбивањето на албанската делегација на Косоварите да се разговара за тоа прашање, а за сите други прашања да се подготват и да има максимално почитуванје на меѓународните стандарди дури и стандарди за почитување на правата на српското малцинство. Во секој случај јас сум поборник до крајот на оваа година да се најде решение. Било какво одложување сметам дека ќе биде контра продуктивно, бидејќи повторно целиот регион полека но сигурно зоврива, имајќи во предвид дека следи референдум во Црна Гора, се очекува разрешница на овие преговори кои според моја проценка доста млако започнаа во Виена. Мислам дека кулминацијата, очекувам да биде позитивна, ќе биде кон крајот на годината.
Рековте официјалниот став се знае, но потпретседателот на владата, вашиот заменик излезе со став дека нема шанси прашањето на границата да се реши во оваа фаза?
Мислам дека во овој момент за Република Македонија имаме многу чиста ситуација. Знаеме дека проблемот со демаркацијата, според извештајот на амбасадорот Каи Еиде треба да се реши пред евентуалниот финален статус на Косово. Ние условно речено се држиме до тој принцип повеќе од било кога претходно. Се обидуваме прашањето на демаркацијата на границата да го симнеме на е техничко ниво. Тоа веќе не е политичко прашање затоа што имаше јасни изјави во повеќе наврати и на лидерите на косовските Албанци, дали се во позиција или опозиција дека тие ја почитуваат административната граница меѓу Македонија и Косово. Она што нам ни претставува проблем и се обидуваме да изнајдеме решение е како во овој момент да го откочиме процесот кој дефинитивно веќе повеќе од 18 месеци нема никаков напредок. А тоа е да изнајдеме решение и дефаткто да го најдеме во овој момент нашиот контра – партнер. Имаме реално проблем - сите ја почитуваат резолуцијата 12 44, но реално Белград не може да биде нашиот контра партнер, во демаркацијата на граничната линија. Од друга страна косоварите затоа што го немаат меѓународниот легитимитет, тоа не може да го направат. Може само еднострана изјава на волја дека во моментот кога би го имале тој легитимитет би ја почитувале административната граница. И тука во условно речено во овој круг на можни решенија се обидуваме да го извлечеме максимумот. Затоа верувам дека посетата која следи на премиерот на Косово Агим Чеку кон крајот на април ќе даде уште еден придонес кон разрешуването на ова прашање иако однапред ни јас не ја знам формулата која би можеле да ја примениме за излез од ќорсокакот во кој западнавме не по наша вина.
Договорот за Слободна Трговија за ЈИЕ на кој инсистира ЕУ води ли кон таканаре;ените партнерски односи на Унијата со регионот, како идеја на некои земји членки да се одложи проширувањето на Европската Унија?
Па дебатата околу проширувањето на Европската Унија добива веќе драматични размери. Се повеќе сум уверен дека до крајот на оваа година нема да ја имаме разрешницата и нема да го имаме она посакувано решение кое исклучително е битно за државите од Западен Балкан. Вклучително е битно и за Македонија затоа што, мислам дека од тоа зависи темпото со кое ке се одвиваат и нашите преговори за полноправно членство и во краен случај и започнувањето на тие преговори. Во идеален случај ние да направиме и скандинавски избори и да ги направиме и сите оние чекори кои верувам дека онака како што ги водиме ќе резултираат со успех, а тоа се успешно завршување на судските и полициските реформи, во краен случај ако нема разрешување на дилемата која постоји во ЕУ по неуспешните референдуми во Франција и Холандија, имаме сега продлабочување на кризата. Идеите кои срамежливо се пласираа за некој вид привилегиран статус што е отстапување од оние солунски принципи на кои почиваше проширувањето на ЕУ не доведува во позиција на сите средби дури и на оваа денешна со чешкиот премиер да бараме нови поддршки, знаци на идејата која мора да признаеме во овој момент е загрозена. А тоа е идејата дека ќе имаме брзо прошируванје на ЕУ со нови држави, по Бугарија и Романија. Хрватска се обидува да го фати возот и со она што го направија на ниво на нивните сестрински партии на конгресот минатата недела во Рим каде што издејствуваа една резолуција која всуошност ја дава поддршката на Хрватска да го продолжи што е можно својот пат кон ЕУ. Но тоа не е само проблем на нашата десница, на тоа што ниту ВМРО ДПМНЕ ниту ВМРО Народна се дел од оваа моќна европска асоцијација која има доминантен број пратеници во Европскиот Парламент, туку сметам дека проблемот е во самата Европа која се уште не може да се ослободи од предрасудите дека полека но сигурно ЕУ не е по дефиниција католички клуб и дека не може да ги отвори вратите за другите држави. Тука јас ќе се обидам и на средбите кои ми престојат на многу поактивно учество не само на поактивно учество на политичките партии не само десно ориентираните, туку и на сите оние фактори кои можат да ни помогнат во периодот кој престои да го разбиеме тоа табу. Од друга страна треба да бидеме свесни дека нема се да зависи и од Република Македонија.