Достапни линкови

Позитивни оценки за реформите во одбраната, но сега приоритет треба да се политичките критериуми


Не сто, туку 110 проценти фер и демократски избори, отприлика вака гласеше пораката на генералниот секретар на НАТО, Јаап де хоп Схефер за Македонија доколку сака да добие покана во следниот бран на проширување на Алијансата. Стручната јавност во земјава смета дека политичките партии треба настарана да го остават интересот за освојување на власта

„Сериозноста на пораките од меѓународната заедница доаѓа од аспект дека не сме ниту биле поблиску од вратите на интегрециите. Мислам дека секој што мисли за Македонија, треба да мисли на спроведување фер избори. Примарен интерес за Македонија е да имаме парламентарни демократски избори,“

изјави Лазар Еленовски претседател на Евроатлантскиот совет на Македонија кој додава дека треба да се работи и на создавање на стабилно општество

„Мора да се забрзаат реформите во концепирањето на институцијата пазар, на она што подразбира навистина пазарна економија, создавање на поволен амбиент за домашни и странски инвестиции, треба да се поработи на невработеноста, поради високиот процент, и треба да има солиден прогрес во областа на правдата и внатрешните работи.“

Во делот на воените реформи земјава добива добри оценки. Активностите во Министерството за одбрана продолжуваат во насока на трансформација на армијата:

„За девет месеци во 2005 година трансформирани се 60 проценти од единиците и командите, и за годинава се предвидени 30 насто, во тој контекст и комплетно професионализирање на армијата што треба да заврши до крајот на 2007 година. Планираме не само да го продолжиме нашето присуство во мисиите со веќе зголемен број, туку кон крајот на 2006 ќе се вклучиме во мисијата Алтеа во БИХ и со тоа земаме учество и во заедничката одбранбена политика на ЕУ,“

Изјави Билајана Аврамовска од Министерството за одбрана.
XS
SM
MD
LG