Со новите изборни правила во земјава за прв пат претседателот на Државната изборна комисија се избира по предлог на опозицијата. Последниот збор го имаат пратениците, а потребни се две третини за да се усвои предлогот, што значи со предложената личност треба да се согласат и останатите политички партии. Досегашните ги избираше Собранието, на предлог на претседателот на државата. Раководството на ВМРО-ДПМНЕ синока имаше првични консултации
„Во моментов можам да кажам дека имаме околу десетина имиња со коишто треба да се разговара и да видиме како треба да се одвива целата постапка. Но, она што го имаме нелогичност во законот е тоа што собраниската комисија, којашто сега е под контрола на СДСМ ги бира седумте членови на ДИК и потоа од тие седум луѓе ВМРО-ДПМНЕ треба да го посочи лицето коешто смета дека треба да биде претседател на ДИК,“
изјави Влатко Горчев, член на Извршниот комитет за ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата не прецизираат кога ке биде познато името на првиот човек на Државната изборна комисија. Останатите седум членови ги предлага надлежната собраниска комисија
„Комисијата за прашања за избори и именувања има технички карактер, затоа што позициите одат на огласување, со критериуми утврдени во изборниот законик, комисијата треба да изврши анализа и да даде предлог до Собранието,“
вели Каме Петров претседател на Комисијата за избори и именувања. Конкурсот за членови на ДИК е објавен и ке заврши до крајот на неделава, потоа во рок од седум дена ке се изврши разгледување на пријавите и избор на седумте кандидати од страна на Комисијата за избори и именувања, кои потоа ке бидат предложени на Собранието.