Достапни линкови

Построги казни за оние што ќе го нарушат изборниот процес


Новите казни за сторени кривични дела за време на изборниот процес се зголемуваат за отприлика шест пати. На пример за казненото дело употреба на сила, сериозна закана или на друг начин оневозможување или спречување на одржувањето на изборите или гласањето досега најмалата казна беше шест месеци затвор, а со новите правила се зголемува за шест пати или станува збор за минимална казна од три години затвор. Стручната јавност оценува дека зголемувањето на казните може само индиректно да влијае.

„Ефикансноста на подигањето на минималната казна затвор, би била во фунцкија само ако има навремено реагирање на институциите на системот. Кога ќе биде обезбедено судење во разумен рок, ќе дојде до целосно функционирање на подигањето на казната,“

изјави Трајче Пеливанов од Коалицијата за праведно судење, невладина организација што ги следи судските процеси поврзани со кривични дела сторени во изборниот процес. Тој објаснува зошто проблемот се појавува во текот на постапките

„Проблемот се јавува во текот на кривичната постапка. Сведоците ги менуваат исказите пред судиите, не ги идентификуваат сторителите на кривичните дела.“

Саво Климовски професор на Правниот факултет во Скопје говори од каде треба да се почне за да се спречат нерегуларностите

„Прво да тргнеме од изворот на нерегуларностите, а изворот секогаш е во централите на политичките партии. Според тоа, потребни се напори за да се едуцираат и заплашат тие што ги иницираат тие нерегуларности во изборниот процес, отколку сега да внесуваме одредби со строги казни коишто мислиме дека ќе придонесат луѓето да се заплашат.“
XS
SM
MD
LG