Достапни линкови

Здравствениот дом во Струмица „го крши мразот“


Здравствениот дом во Струмица е првото место во земјава каде започна процесот на приватизација. Деновиве се даваат под закуп ординациите на општите лекари, педијатрите и гинеколозите. Тие отсега ќе работат на пазарен принцип, треба да склучат договор со Фондот, а колку пари ќе добијат од таму, најмногу зависи од пациентите. Доктор Елица Јанева од Струмица е општ лекар, таа верува дека по трансформацијата и пациентите и лекарите ќе бидат позадоволни:

„Веројатно ќе се фузираме двајца по двајца колеги, во едната просторија ќе работат лекарите, а во другата ќе биде сестрата. Од целата трансформација сакаме да направиме максимален квалитет за пациентот, а да биде добро и за докторот.“

Општите лекари ќе добиваат по 45 денари за еден осигуран пациент. Такви беа условите и за стоматолозите кои го започнаа трансформирањето во мај лани, но процесот не одеше „мазно“:

„Тоа беше хаотично. Добивме решение од 1 мај, а нас никој претходно не не извести. Беше многу хаотично и со вработување на нови асистенти,“

вели стоматологот Лилјана Ивановска од Скопје.
XS
SM
MD
LG