Господине Маневски, анти корупциската комисија буквално е мобмардирана со барања за поведување постапки, од последниот случај „Бачило“, станови на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Груевски, па се до постарите случаи за незаконско трошење пари во неколку владини министерства што беа посочени во извештајот на државниот ревизор. Во сите овие случаи посочени се високи државни функционери. Кои се механизмите со коишто располага комисијата и ќе видиме ли конечно одговорност меѓу инволвираните?
Мислам дека е веќе познато дека државната комисија, помеѓу другите овластувања има надлежност да поднесува иницијативи за казнено гонење, иницијативи за разрешување на избрани и именувани функционери, за нивно сменување или за преземање други мерки на одговорност. Мислам дека државната комисија во ова три и пол годишно постоење ги користи овие инструменти што и ги дава законот за спречување на корупцијата, меѓутоа морам да ви кажам дека сеуште се судруваме со одредени отпори, несоодветни однесувања. Тие се би рекол во одредена мера изразени во органите на државната управа, кога државната комисија согласно законот бара одредени известувања или податоци од тие органи, од министерства, од агенции, од други државни органи, меѓутоа понекогаш државната комисија е присилена да пишува по неколку ургенции, за да може да ги добие одговорите и по некои од тие иницијативи што ги покренала комисијата сеуште нема добиено такви одговори, поради што на крајот на краиштата ќе се констатира дека иницијативи има, но резултати нема. Еве, само да ви кажам неколку примери од практиката, за иницијативи што комисијата ги поднела пред неколку месеци или повеќе од една година, случаите: наместената анкета на емисијата „Чуму“, иницијативата за разрешување на директорот на Агенцијата за млади и спорт, овие две иницијативи сега што ги поднесовме околу иницијативата за разрешување на директорот на МЕПСО, или одговорноста на јавниот правобранител, случајот „Бачило“ – како можело за едно бачило да се досуди толкав голем износ на средства, ниту големи рудници не се продадоа за такви суми, како што едно стадо овци или едно бачило се проценети или е досудена штета над 720 илјади евра. Мислам дека тоа прашање сериозно може да не загрижи, затоа што верувајте најтешко ни паѓа кога ние чекаме и подолго време и за некоја цел преземаме одредени мерки каде што ургираме за одредени состојби, но подобро е да се каже дека иницијативата се прифаќа или не, отколку таа да се чува и по неа да се постапува како да нема поднесено иницијатива.
Во оваа насока, како ја оценувате соработката со јавниот обвинител Прчевски, посебно по вашата последна средба?
Мислам дека за успешна соработка треба обострана волја, иницијатива, очигледно дека некои работи сеуште не се на тоа што треба да бидат. Она што треба да значи квалитетно извршување на функциите на гонењето, не на мешањето на функциите, мислам дека не е сеуште на потребно ниво, и секако треба да биде функционална и многу поефикасна и подобра.
Се доведува ли анти корупциската комисија во функција само да укажува, а крајниот епилог да не се гледа?
Па, мислам дека се доближивме до суштината на прашањето. Комисијата има две функции, едната е превентивна, укажување на одредени состојби коишто може да продуцираат корупција. Но, исто така значајна е и втората функција, за преземање конкретни мерки на државната комисија. Е тогаш, кога државната комисија преземаше одредени мерки за одредени криминални однесувања на претходната власт или претходните власти, тогаш државната комисија готово да не се сретнуваше со никакви проблеми. Но, сега, со текот на времето, како што државната комисија презема одредени мерки за утврдување на некои однесувања коишто значат незаконитост или корупција на актуелните функции во власта, тогаш кога само ќе се доближиме до овие функции, наидуваме на голем отпор, наидуваме на дистанцирање или на состојби коишто укажуваат на несоработка, за да се релативизираат состојбите, да не се покренуваат иницијативи, а понекогаш и членовите на комисијата или самата комисија се напаѓа и во ова време со приближувањето на датумот на одржување на изборите, очигледно е дека има обиди за инструментализирање на државната комисија за некои политички цели, но очеигледно е дека ние тоа нема да го дозволиме и ќе постапуваме така како што ни налагаат уставот и законите.
Ја споменавте изборната кампања, моето следно прашање е околу финансирањето на политичките партии. На кој начин се размислува во анти коруцписката комисија ова да биде регулирано?
Ние од самиот почеток, после одлуката на Европската комисија за доделување на статусот кандидат за членство, каде што во политичкиот дел, на прво место беше ставено прашњето за спроведување на фер и демократски избори, ние го сставивме во нашата агенда, и заклучивме да го следиме прашањето и на секоја седница да расправаме за одредени состојби во врска со финансирањето на изборната кампања и воопшто трошењето на буџетските средства за изборни активност, започнувањето лажно, на одредени инвестициони зафати во општините, патишта, амбуланти, водоводи, што не се предвидени во активностите, туку имаат за цел да ги изманипулираат гласачите, еве ние се грижиме за вас, па веројатно вие гласот ќе го дадете за нашата опција или кандидат.
Господине Маневски, заврши целата постапка околу приватизацијата на ЕСМ Дистрибуција. Има ли простор во рацете на анти корупциската комисија за поведување постапка, посебно поради необјавувањето на купо продажниот договор?
Државната комисија има надлежност во законот да ги следи состојбите во врска со определена монополска положба и во врска со состоби коишто повеќе години се присутни во Македонија со таа монополска положба, но не би сакале, ниту би било потребно во оваа ситуација, во Република Македонија да се создаде уште еден монопол, којшто на крајот на краиштата, ќе го платат граѓаните со нивните средства.
Можете ли да посочите кои сектори во Македонија се најкорумпирани?
Па, мислам дека состојбите се познати, и во судството и во полицијата, особено недоволната неефикасност на судството и пречекорувања на овластувањата на полицијата. Мислам дека треба да бидат земени предвид, а тие бараат не само разгледување, туку и преземање на конкретни мерки, затоа што така не може да оди. Се повеќе се среќаваме со состојби каде што буџетските средства се излеваат, преку несоодветно однесување, и нивно прелевање во приватни џепови, за сметка на државата.
За крај, господине Маневски, иако тоа го кажавте делумно и во вашите одговори, може ли генерална оценка за тоа до каде сме во борбата против корупцијата? Има ли ефекти или станува збор за декларативна заложба?
Мислам дека ние денеска се наоѓаме на прествртница. Прво, не можеме да говориме за корупција, и тоа во текот на најголемата приватизација. Потоа, кога се отвори прашањето и кога почна да се говори за корупцијата, за причините и потребите за нејзино сузби вање. Веќе се движиме во рамките на вербалното, а не на реалното, значи очигледно се доближуваме до вистинското прашање, за тоа дека не постои реална политичка волја за преземање на ефективни и ефикасни мерки за спречување на корупцијата, секако дека тука се доближуваме до фунцкиите на власта, затоа што корупцијата била и останува белег на институциите на власта, белег на носителите на функциите во власта, и ако од таму доаѓа отпорот или непреземањето на конкретни мерки, ние и натаму ќе се движиме во рамки на вербалното, а не реалното и мислам дека Репбулика Македонија е исправена да го реши овој проблем, секако корупцијата не може да се искорени, но мора да се стави под контрола, да се намалуваат околностите кои доведуваат до корупција, затоа што тоа е во интерес на граѓаните на Република Македонија.