Достапни линкови

Либерален визен режим и финансиска помош


Во 12 градови низ земјава ќе има кампања за да се информираат граѓаните за интегрирањето на Република Македонија во Европската Унија. Дел од оние со кои ние разговаравме велат:

„За да станеме членка на ЕУ, прво треба да се свртиме кон сопствениот народ, сопственото производство, па Европа ќе не повика.“
„Во моментов ние во Македонија не ги исполнуваме нивните критериуми, а како што сме сега организирани тешко да можеме да ги исполниме условите што ги поставуваат. Така што, евро интеграција можеби за 15 – 20 години.“


Трибините ќе се одвиваат во соработка со Институтот отворено општество. Директорот Владимир Милчин вели дека Институтот не правел истражувања за тоа колку граѓаните знаат за евроинтеграциите. Но, јасно е дека сознанијата се ограничени:

„Во голема мерка очекувањата се врзани за либерален визен режим, финансиска помош за развој, меѓутоа не подалеку од тоа. Мислам дека е далеку помало знаењето за обврските, придобивките во врска со владеењето на правото и демократијата во Република Македонија.“

објаснува Милчин:

Ниту еден процент од македонските студенти не се вклучени во програмите за студенска размена. Прашањето кое се наметнува е дали Европа е навистина далечна , или ние воопшто и не знаеме како да имаме придобивка од тој процес.

„Младите ги пропуштаат можностите да се пријават за конкурси, зашто не следат што се случува по весници, а кога ќе дојдат да прашаат и ќе им се каже дека имаше конкурс пред еден месец, гледаат изненадено.“

А граѓаните коментираат-

„Детето мое е одличен студент, а некое друго ќе оди, а не моето.“

На кампањата наменета за сите структури, од бизнисмени до ученици, ќе можат да се поставуваат прашања за се што е поврзано со евроинтеграцијата на земјава.
XS
SM
MD
LG