Министерот за здравство Владо Димов најави в понеделник ќе излезе правилникот за дополнителна дејност на лекарите. По завршувањето на работното време, секој специјалист кој ги исполнува условите ќе може да работи дополнително. За пациентите кои тоа значИ дека ќе можат да си одберат доктор, а парите што ќе ги уплаќаат ќе се распределуваат на трошоци за лекарот, апаратурата и просторот. Доктор Спасе Јовковски од Клинички Центар вели дека правилникот требало да се донесе одамна, како во другите земји, бидејќи со дополнителна дејност се намалува корупцијата.
„Кога човек има можност да работи и заработи има права и обврски. Пациентите ќе бидат сигурни затоа што платите, а докторите ќе немаат причина за, како што се вели, земање пари под маса.“
Дополнителното работење досега се регулираше со закон, но немањето правилник, правеше забуни и манипулации, велат специјалистите. Сепак, за нив е спорно е тоа што ќе можат да работат дополнително само по два часа неделно.
„Едноставно ако пациентите сакаат некој приватно да ги гледа, и 50 и 100 часа ако работи дополнително докторот, и државата и клиничкиот центар ќе земат повеќе пари. Зошто тоа се ограничува? Не го поддржувам тоа,“
додава Јовковски. Според ексминистерот за здравство Ѓорги Оровчанец спорно е и тоа што стручен колегиум ќе треба да им дава дозволи на лекарите ако сакаат да работат дополнително.
„Струниот колегиум не може да се меша на ниту еден вработен, дали ќе посака или нема да посака или дали ќе оди или не во некоја приватна ординација.“
Лекарите најпрво ќе треба да завршат одреден број пациенти кои се осигуреници, а потоа останатите ќе ги услужуваат со дополнителна дејност. Тоа ќе го реши основниот преблем,
„Има доктори што умираат од работа, сетоа тоа би било додатна вредност за квалитетните, и на тој начин ќе се зголеми конкуренцијата, а тоа ќе донесе квалитет,“
објаснува Оровчанец. Лекарите ќе можат да работат и во приватни болници со кои ќе склучат договор.