На локалитетот Градиште со свечена церемонија симболично започнува изградбата на новата американска амбасада, за која долго време се водеше спор со дел од експертите кои сметаат дека тоа е историско и до крај неистражено археолошко наоѓалиште. САД и официјално станаа сопственик на земјиштето лани кога го купија плацот од 44 илјади квадрати, за што дозвола за градба, како објект од јавен карактер, издаде Министерството за транспорт и врски. Пред тоа, координативното тело инсистираше дека амбасадата ќе биде дивоградба и бараа местото да биде прогласено за културен предел, без право друга држава да го поседува. Изградбата не ја спречија ниту 14,000 потписи против изградбата. Јани Антониев, поранешен директор на Заводот за заштита на спомениците од денешна инстанца вели:
„Нашето барање беше таму да се направи археолошко истражување. Кажуваа прикаски, цела пан европска култура била на тој рид. Ние направивме археолошки истражувања и таму не се најде ништо. И нормално, од наша страна беше кажано дека земјиштето е чисто за натамошен третман. А, државата што ќе прави не е наш проблем. Во меѓупросторот имаме дивоградби, Музеј на Македонија, куќата на Есма Реџепова, бараки, што немаат со тврдината никаков допир.“
Владата потпиша договор со кој им го продаде земјиштето на САД за 50 евра од метар квадратен, а во меѓувреме се изведуваа подготовки на теренот на Кале. Амбасадата реши дека работите на новата амбасада вредна 30 милиони долари ќе ја извршува американската компанија Браун и Рут, а се предвидува градбата да заврши во 2008 година.