Претседателот Буш е целосно уверен во исправноста на сегашната стратегија во Ирак. Сепак тој вели дека е и реалистичен и затоа не би требало да се очекува успехот да дојде наскоро. Буш бара од американците ад бидат трпеливи. Имено, според него, одлуката за повлекување на американските војници од Ирак не би била донесена ни по неговото заминување од Белата Куќа во почетокот на две илјади и деветтата година. И покрај опаѓањето на поддршката на американците за војната во Ирак, Буш вели дека нема да го менува курсот бидејќи бил убеден дека тој че доведе до стабилно и демократско ирачко општетство.
„Уверен сум, верувам и оптимист сум дека ние ќе успееме во Ирак. Да не бев, јас ќе ги повлечев нашите трупи оттаму.“
Изјави Буш на прес конференцијата во Белата Куќа на која посматрачите гледаат како на дел од кампањата на американската администрација повторно да ја здобие поддршката на јавноста за ирачката војна. Во меѓувреме, во Лондон Тони Блер, премиерот на Британија, главниот американски сојузник, одржа говор за борбата против тероризмот, овој пат од културна гледна точка. Блер рече дека неговата влада на оваа борба не гледа како на судир меѓу цивилизации, туку на судир за цивилизација. Тој сака луѓето во муслиманските општества да сфатат дека придобивките од модерната култура се отворени, различни и секуларни.
„Ние не сме Западот. Ние сме исто така муслимани, како и христијани или евреи и хиндуси. Ние сме тие кои веруваат во верска толернација, отвореност кон други, демократија, слобода и човекови права администрирани во секуларни судови.“
Вели Блер, додавајќи дека доколку нетолерантните терористи успеат во Ирак и Авганистан тоа ќе значи смрт на модерната иднина на арапскиот и на муслиманскиот свет воопшто. Победата на демократијата ќе значи безбедност и стабилност не само за Авганистан и Ирак, туку и за западот, вели Блер:
„Она што денес се случува во Ирак или Авганистан не е од клучна важност само за овие земји или за блиските региони, туку и за безбедноста туку и низ целиот свет.“
Затоа, според британскиот премиер, Европа и Соединетите Држави преземаат, како што рече, активна политика и спрема Иран. Исто тоа во Вашингтон го повтори и американскиот претседател Буш:
„Доколку иранците имаат нуклерано оружје тие би можело да го уценуваат светот. Тие би можело да го продаваат. Иран не ги почитува меѓународните договори.“
Буш додаде дека овој став го дели и таканаречаната европската тројка Британија, Франција и Германија која се обидува да го спречи Иран да дојде до нуклеарно оружје.