Достапни линкови

Повеќе сонце, но и пролетен дожд


Најмладите веќе ја дочекаа пролетта, што годинава пристигна еден ден порано. Според прогнозите, доаѓањето на пролетта, ќе ни донесе многу повеќе сонце, малку облачно време, но и пролетен дожд до крајот на неделава. Но, не само децата, туку и возрасните се радуваат на пролетната сезона:

„Нормално, за старите само топло пролетта.“
„Секој човек го прави среќен пролетта.“
„Повеќе пешачиме, работиме во двор, а зимата не затвори дома.“


Дел од граѓаните ги прашавме дали пролетта ги прави среќни и добивме поделени одговори:

„Јас сум пензионер и ќе си работам во лозјето. Сакам да гледам зеленило и цвеќе.“
„Нешто убаво, напредок.“


Но, има и такви за кои убавото време не ја поправа лошата економска слика и проблемите на едно просечно македонско семејство:

„Ни пролет, ни лето, ништо не ме прави среќна мене. Животот ми е толку загрозен, за никаде сум.“
„Не ме прави, штом е голема немаштија и немаат младите.“


Со доаѓањето на пролетта, започнува и летното сметање на времето. Во согласност со европската директива, годинава тоа ќе се случи на 26 март во 2 часот по полноќ, кога стрелките на часовникот ќе се поместат еден час понапред.
XS
SM
MD
LG