Во иднина право на пензиско осигурување ќе имаат само лицата што на денот кога се прогласени за технолошки вишок имаат уште пет години до стекнување на старосна пензија, а немаат минимални 15 години работен стаж. Од министерството за труд и социјална политика, велат дека овие измени и дополнувања од законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, имаат за цел да ги поттикнат активните мерки на владата за зголемување на вработувањето.
„Најголемиот дел од средствата од Агенцијата за вработување и од буџетот се користат за паричниот износ за пензиско осигурување за лицата коишто се корисници на овој надоместок и тоа по основ на невработеност, додека многу мал процент средства се користат за активни мерки, за повторно вработувањ на овие лица и активно барање за повторно вработување,“,
изјави Македонка Честојнова, портпарол на министерството за труд и социјална политика.
Измените на законот, опфаќаат и конкретизирање и соодветно утврдување на паричниот надомест, а истиот како и досега ќе се определува според времето поминато во работен однос и плаќањето на придонесите за осигурување.
Во меѓувреме, во сила е актуелниот закон за вработување и осигурување во случај на невработеност, кој пак предизвика незадоволство кај стечајните работници со над 25 години работен стаж, кои бараат да биде регулиран нивниот статус до исполнување на условите за пензија.
„Воопшто ништо не добиваат. Единствено ако двајцата се невработени, добиваме сини картони.“
изјави претседателот на здружението Стојан Стојанов.
По негативниот исход од разговорите со ресорниот министер Стефче Јакимовски, здружението на стечајни работници подготви свој предлог закон, што веќе е доставен до Собранието.
„Сакаат куќите да сме го продале, па да сме живееле, тоа на еден министер не доликува да го изјавува.“
Од здружението на стечајни работници се надеваат дека зад текстот што го предложиле ќе застане некоја од пратеничките групи.
„Ако го донесе законот ние не ги решаваме нашите проблеми, ама барем малку да ги ублажиме.“
изјави Исен Фетаи, член на здружението на стечајците.