Достапни линкови

Прометот и пушењето не се намалија


По повеќе од два месеца од зголемувањето на цената на цигарите, продавачите велат дека не забележале опаѓање на нивната продажба. Она што изненадува раскажуваат тие, е зголемената побарувачка на поскапите цигари за кои пушачите велат дека се поквалитетни.

„Сега пак е истото, но има одредени цигари што се трошат повеќе, поскапи се, а повеќе се трошат сега,“

изјави една продавачка

Сепак продававачите не негираат дека по поскапувањето на цигарите, има и такви потрошувачи кои ја бараат најефтината кутија цигари.

„Поголем дел што пушат цигари бараат да е поефтино,“

Повеќето граѓани кои ги прашавме велат дека зголемувањето на цената на цигарите не влијаело врз нивната омилена навика, додавајќи дека без разлика на финансиската ситуација во која се наоѓаат, пари за цигари секогаш има.

„За тоа се наоѓа, од друго се крати. Кој е навлечен, тешко е многу за да се откаже човек.“
„Ништо не сум намален, си пушам редовно.“
„Стандард ми е три кутии на ден.“


Од друга страна пак има и такви кои велат дека зголемената цена на цигарите, ги натерала да го намалат бројот на испушените цигари во текот на денот.

„Помалку пушам. Немаштија е.“
„Многу пушачи откажаа по поскапувањето.“


За некои здравствените проблеми, а не економските, биле повод да престанат да пушат.

„Цигара секој пуши, не само ние. Јас после болест не ги пушам.“

Повеќето граѓани велат дека воопшто не ги интересира на каков начин и од каде се увезени цигарите кои ги купуваат. Она што ми е важно, вели еден од соговорниците е да имам цигари во секое време, оти тие ми се послатки и од чоколада.

„Тоа ми е најголемото задоволство.“
XS
SM
MD
LG