Достапни линкови

Зајакнување на јавната свест за одржување фер и демократски избори


Со цел зајакнување на јавната свест за одржување на избори според европските стандарди во предизборниот период и на самиот ден на гласање ке се вклучи и невладиниот сектор.

Од граѓанската асоцијација МОСТ која досега набљудуваше повеке избори досега, посочуваат дека и оваа година ке го прават мониторинг на целиот изборен процес па уште во текот на кампањата ке укажуваат на неправилностите и на тој начин ке придонесат за фер избори

„Во престојниот период МОСТ го очекува објавувањето на изборите, а веднаш по објавувањето ќе се вклучи со набљудување на кампањите. Понатаму, ќе има свои претставници во општинските и државната изборна комисија,“

изјави Славица Билјарска

Меѓународните претставници во земјава, а и владата имајки ги во предвид резултатите што ги покажа организацијата за набљудување на изборите ОДИХР дека онаму каде што се присутни жените нерегуларностите биле помали се залагаат за нивно поголемо вклучување и на овие избори. Даниела Димитриевска од Македонското женско лоби информира дека освен за ова тие се вклучуваат и со други активности

„Ќе се заложуваме за подигање на свеста на гласачите. Наша целна група ќе бидат жените и ќе се бориме против познатата болка – семејното гласање и сметаме дека со тоа се кршат повеќе човекови, па и изборни права.“

Меѓународните претставници во земјава очекуваат дека дијалогот што веке започна мегу политичките партии, со невладиниот сектор, претставници на верските заедници е чекор напред

„Ние се надеваме дека успехот на овој дијалог ке резултитира со договор од кој ке произлезе позитивна атмосфера за претстојните избори, што подразбира фер и демократски избори што ке ја воведат Македонија во евроатлантските структури. Постгнувањето на компромис мегу партиите на власт и опозициајта исто така е многу важно, но најважно ке биде како ке биде имплементиран постигнатиот договор,“

изјави Андреа Анџели од мисијата на Европската унија во земјава.
XS
SM
MD
LG