Достапни линкови

Промените на изборната регулатива треба да биде во време кога нема да има избори


Постигнатиот компромис мегу партиите на власт и опозицијата во избирачките одмори да има тројца претставници од државната администрација и двајца од политичките партии ке стане составен дел од владиниот предлог на изборниот кодекс.

„Се што треба да се направи во насока на измена на изборниот законик по политичкиот договор со опозицијата е да се подготват амандмани кои ќе ги достави владата до собранието и потоа собранието го разгледува текстот на законот со амандманите заедно,“

информира Убавка Матевска од Министерството за правда.
Ваквиот начин на постигнување компромис може да предизвика по завршување на изборите повторно да се отвори темата за нови изборни норми, имајки во предвид и тоа што мегународните претставници апелираа за воспоставување на професионална државна администрација

„Професионална изборна администрација не се гради два – три месеци пред избори. Промената на изборното законодавство треба да се случи во време кога не се случуваат избори, најнапред да се види кои се грешките, да се сондираат сите мислења од релевантните политички партии со цел да се направи вистински изборен систем што ќе одговара на европскиот систем, но и нашата пракса,“

изјави професор Тања Каракамишева од Правниот факултет во Скопје која укажува зошто не е добро изборната реформа да се спроведува непосредно пред избори

„Прво, не е добро затоа што една од основните препораки на ЕУ е изборниот законик да не се менува најмалку една година пред избори и да се запознаат граѓаните со правилата по коишто ќе одат изборите. А, нас ни се случуваат коренити промени на изборниот систем пред секои избори и затоа ни се случуваат проблеми.“
XS
SM
MD
LG