Достапни линкови

Вклучување на државната администрација во изборите е чекор кон европски стандарди


Вклучување на државната администрација во избирачкиоте одбори и зголемување на казните за сторителите на нерегуларности е чекор кон спроведување избори според европските стандарди, вака експертите ги коментираат владините предлози за нови изборни норми. За предложените законски решенија говори Загорка Гноковска од Министерството за правда:

„Во однос на составот на општинските изборни комисии тие ќе бидат составени исклучиво од државната администрација и ќе имаат мандат од пет години, додека избирачките одбори, претседателот и заменикот ќе биде од редот на општинската администрација, а замениците од редот на јавната администрација. Значи, со овој начин се елиминираат политички претставници во составот на изборните органи, но тие може да имаат свои претставници во работата на самите изборни органи и може да ги даваат забелешките. Може да ја следат работата од самиот почеток, до сумирањето и објавувањето на резултатите.“

Вклучувањето на државната администрација е случај во повеќе земји, а кај нас копјата меѓу политичките партии се кршат токму тука:

„Изборниот процес добива карактеристики на технички процес, такви решенија постојат во голем број земји, најтипичен е Канада и Ирска,“

изјави професорот Светомир Шкариќ од правниот факултет во Скопје.

Се зајакнува и казнената политика, со предложените измени во кривичниот законик, со што паричните казни се заменуваат со затворски од три до десет години затвор во завосност од направеното кривично дело. А, направени се и измени во законот за државни службеници и казните ќе бидат дисциплински или престанок на работниот однос:

„Тоа е политичка оценка и добро е граѓаните кои би се одлучиле за фалсификување, односно попречување на изборното право да имаат во предвид дека следува уште поригорозна санкција,“

вели Шкариќ.
XS
SM
MD
LG