Достапни линкови

Подготвени новите гаранции за Тарчуловски и Бошковски


Владата ги подготви гаранциите за Љубе Бошковски и Јохан Тарчуловски за да се бранат од слободата и започната е процедурата за доставување во Хашкиот трибунал

„Известени сме и доставена ни е, содржината не би ја коментирале,“

изјави Вилотеа Бошковска, сопруга на поарнешниот министер за внатрешни работи. Гаранцијата ја доставува владата преку македонската амбасада во Холандија

„Директна комуникација Влада и Хаг, тоа е највообичаен пат владата директно да ги испрати гаранциите до секретаријатот на Хашкиот трибунал па оттука до надлежниот совет за Бошковски и Тарчуловски, комуникацијата вообичаено оди преку амбасадите во Холандија што значи преку македонската амбасада,“

изјави Анте Нобило, адвокат од Загреб кој има искуство во застапување на лица обвинети од трибуналот за сторени воена злосторства на подрачјето на Босна и Херцеговина кој додава

„Оној кој ја издава гаранцијата тој ги предлага условите, Хаг сам по себе нема да одреди дека гаранцијата е тајна, значи гаранцијата може да биде објавена во јавноста но и не мора.“

Македонската влада минатата година веке достави едно барање Бошковски и Тарчуловски да се бранат од слобода, но тоа беше одбиено. Трибуналот не е обврзан во кој рок ќе одговори дали ги прифаќа или не гаранциите

„Врз основа на тие гаранции, судот носи одлука имајќи ги предвид и сите други факти, со тоа што судот не е обврзан со рок за одлука. Тоа се гаранции дека ќе се јават на суд. Може судот да бара и дополнителни гаранции, и тоа во правец дека двајцата обвинети нема да влијаат на сведоците,“

изјави Антонио Апостолски, адвокат на Тарчуловски.
XS
SM
MD
LG