Достапни линкови

Програмите клучни за коалиции


Политичките партии коалицираат врз основа на програмските определби. Ова, коментираат претставниците на политичката сцена е реалност во услови кога повекето партии немаат јасно издиференцирана идеологија, или кога не постојат во вистинска смисла лево и десно ориентирани субјекти. Во ВМРО-Народна велат пред избори не коалицираме:

„Во постизборен период и тоа само по еден и единствен критериум, а тоа е: Дали програмата што ние ја имаме, може да биде компатибилна со било која програма на друга партија, која што во тој момент со нас евентуално би коалицирала?! Ние сме премладо демократско општество за да можеме да дефинираме што е левица, а што десница. Ние сме по генеза Народна партија што значи дека би требало да бидеме десница, односно дека ја штитме приватноста и капиталот, меѓутоа нам не ни е страна ниту социјалата.“

изјави Ѓорѓи Оровчанец.

Јани Макрадули од СДСМ посочува дека тие гледаат партнери во оние политички субјекти кои и по цена на рејтинзите сакаат да останат на реформскиот курс:

„Сметам дека по добивањето на кандидатскиот статус и политиката на партиите треба да биде попредвидлива, бидејќи јасни се барањата што треба да ги задоволиме и мислам дека и политичките платформи пред овие избори нема многу да се разликуваат, тоа се барањата што од нас ги бара Европската Комисија. Во услови кога ги знаеме кои ни се приоритетите, не мислам дека е страшно да коалицираат некои партии кои немаат чисти идеолошки разлики.“

И за ВМРО-ДПМНЕ клучна е програмата:

„ВМРО ДПМНЕ кога коалицира има одреден принцип, а тоа е да биде усогласена платформата на која партијата ќе работи, така што тоа ќе биде основата за со било која партија склучиме некаков аранжман за соработка. Она што е клучното на кое ние сега сме сконцентирани е да освоиме 61 пратеник и да бидеме релаксирани од тие коалиции.“

Изјави Никола Груевски во интервјуто за Радио Слободна Европа. На прашањето дали ДУИ би коалицирала со некоја друга партија или ке останат партнер на СДСМ, Рафиз Алити одговора

„Секоја политичка партија од македонскиот блок треба да ја почитува платформата на нашата партија.“
XS
SM
MD
LG