Во близина на Мостар, кај Столац, БИХ, пред две години, се урна авионот „Кингер“ со кој патуваше македонскиот претседател Борис Трајковски со членови на кабинетот. Во несреќата, освен претседателот Трајковски, загинаа уште осум лица, советници, членови на обезбедувањето и двајца пилоти. Шефот на државата требаше да присуствува на меѓународната конференција за инвестирање во Босна. По несреќата истрагата ја започнаа претставници на босанските власти, а замина и делегација од надлежните македонски институции. Досието за случајот беше затворено, без порекнување на кривична постапка за вина за уривање на авионот. На 26 февруари 2004-тата македонска делегација замина за Даблин да ја предаде апликацијата за членство на земјава во ЕУ. Чинот на предавање беше откажан, а последното обраќање на претседателот Трајковски беше на 25 февруари, по повод македонската апликација, при што тој изјави:
„Им должиме на граѓаните на Република Македонија, да се каже дека со ова не завршуваме, туку започнува само формално еден процес, во чии рамки треба да следат многу значајни реформи во сите сфери на општественото живеење и тоа на крајот да резултира со полноправно членство во ЕУ.“
Сонот на претседателот Трајковски за европска Македонија полека се остварува. На 17 декември минатата година земјава доби статус кандидат за членство во ЕУ.