Достапни линкови

Контролата на финансиите во рацете на руските власти


Рускиот претседател Владимир Путин побара од безбедносните служби да го спречат мешењето на странски влади во руските внатрешни работи, преку невладините организации. Тој ги повика и руските организации да бидат претпазливи кога примаат странски фондации. Од друга страна, невладините организации реагираат дека со ваквите изјави и со новите прописи, нивните активности ќе бидат ставени под строга државна контрола.

Финансирањето на невладините организации во Русија, стана една од главните медиумски теми. Претседателот Путин неодамна оцени дека невладините организации имаат важна улога во заштитата на човековите права, но од друга страна ги повика безбедносните служби да ја заштитат Русија од обидите на странски држави да се мешаат во рсуките внатрешни работи, преку тие организации. Повод беше аферата со наводното шпионирање во Русија на некои британски дипломати и уплатите за неколку невладини организации. Велика Британија ги отфрли таквите обвинувања. Оваа афера, многумина во Русија ја поврзуваат со потребата од дополнителни аргументи за усвојување на контроверзниот закон за невладините организации. Според законот, кој ќе стапи во сила во април, руските власти ќе ја имаат контролата врз финансирањето на невладиниот сектор. Посматрачите оценуваат дека главното страхување на властите во Москва е да не се случи нешто слично како револуциите во Украина и во Грузија. Евгениј Волк, од Херитаџ Фондацијата во Москва, вели:

„Долго време никој не обрнуваше внимание на невладините организации. Револуциите во Украина и во Грузија, како и случувањата во Киргистан, беа сигнал за руската влада за превземање мерки.“

По информацијата во ноември минатата година дека американскиот Конгрес ќе издвои 4 милиони долари за развој на демократијата во Русија, претседателот на Думата Борис Гризлов реагираше дека Русија е веќе демократска земја и оти ако Западот сака да помогне, тогаш треба да го подржи развојот на руската економија. И рускиот министер за одбрана Сергеј Иванов изјави дека на Русија не и требаат странски донации за демократски развој. Како одоговор на американскиот потег, руската Дума одобри околу 500 милиони рубљи за развој на граѓанското општество во Русија и за заштита на правата на русите во Балтичките земји. И покрај таквите реакции, американскиот амбасадор во Русија, Вилијамс Барнс изјави дека Соединетите Држави ќе продолжат да ги подржуваат руските невладини организации.

„Ние ќе продолжиме со подршката, а со внимание ќе ја следиме и примената на новиот закон за невладините организации, бидејки тие имаат многу корисна улога во руското општетство.“
XS
SM
MD
LG