Достапни линкови

Двајцата киднапирани македонски државјани во Ирак се ослободени


Владата ја потврди информацијата за ослободувањето на двајцата македонски државјани кои беа киднапирани во четвртокот во Ирак:

„Преговорите со криминалната група ги водеше компанија Еколог, додека надлежните власти во регионот на Басра, учествуваа во ослободувањето на нашите државјани. МНР оствари директен контакт со нашите државјани, кои се во добра здравствена состојба, моментално се наоѓаат на безбедна локација и набрзо ќе заминат за Македонија. МНР уште еднаш предупредува дека поради безбедносната состојба во Ирак, не им се препорачува на македонските граѓани да патуваат или престојуваат во Ирак.“

Изјави државниот секретар во МНР Емил Кирјаз. Инаку информацијата за ослободувањето на двајцата македонски државјанаи ја соопшти компанијата Еколог Интернашенел која соопшти дека Рано утрово експертската екипа на компанијата на чело со нејзиниот сопственик Назиф Дестани успешни ги завршиле преговорите за ослободување на двајцата македонскиу државјани Фарку Адеми и Расим рамадани кои во четвртокот беа киднапирани во близина на ирачкиот град Басра. Компанијата во своето кусо соопштение не наведува дали за нивно ослободувањ бил платен откуп како што бараа киднаперите. Во Тирана пак албанскиот весник Панорама објави оти познатиот албански бизнисмен Беџет Пацоли било лицето кое посредувало за ослободувањето на двајцата македонски државјани во Ирак. Според истиот весник Пацоли кој веке посредувал во ослободувањето на една косовска албанка која беше киднапирана во Авганистан , бил директно вклучен во процесот на ослободување на фарук Адеми и Расим Рамадани. Ова е четврт случај во Ирак да бидат киднапирани вработени лица од Компанијата Еколог Интернашенел но за срека сите завршија со ослободување на киднапираните лица.Двајцата ослободени македонски државјани се очекува утре да допатуваат во Македонија. Инаку ова не е прв случај во Ирак да бидат киднапирани македонски државјани есeнта 2004 беа киднапирани тројца кумановчани од страна на вооружена група наречена Армија за ослободување на Ирак.Овој случај за жал заврши трагично, сите тројца беа погубени, а нивните тела не беа пронајдени.
XS
SM
MD
LG