Достапни линкови

Американските, во однос на донациите од ЕУ се доделуваат за подолготраен период, велат од НВО


Во рамките на проектот за зајакнување на граѓанското општество на американската агенција за меѓународен развој УСАИД, дванаесет невладини организации денеска ќе добијат грантови. Стефани Раст, шеф на проектот вели дека селекцијата на организациите кои треба да ги реализираат проектите за кои добиваат пари била тешка и секоја од нив работи во различни области.

„Се работи за широк ранг на организации и теми на кои тие работат и тие беа дел од нашата селекција. Сакавме да имаме организации кои работат во различни области кои се важни за Македонија и тековната социјално-политичка транзиција во земјава, а кои работат и на централно и локално ниво за да можат да го почувствуваат вистинскиот живот на луѓето.“

Вели Раст, додавајќи дека проектите кои ги одбрале се амбициозни и од нив очекуваат да ги постигнат предвидените цели.

„Очекуваме дека сите ќе се успешни во насока на остварување на нивните цели, но и дека преку проектите луѓето ќе се едуцираат за тоа што прават невладините организации, зошто се важни и дека ќе ја заслужат почитта од владините институции за заедничка соработка која ќе придонесе партнерство и ќе инвестира во невладиниот сектор и ќе го гледа како гласот на народот во обид да се решат проблемите на луѓето.“

Сашо Клековски, директор на Македонскиот центар за меѓународна соработка вели дека ваквата помош може да биде добра порака до европските институции да бидат пофлексибилни во поддршка на невладиниот сектор. Унијата најчесто дава помош за една до две години, период што е краток за постигнување на одредени цели, додека американската поддршка опфаќа период од три години.

„За жал во однос на нашата европска интеграција, УСАИД покажува поголема смисла на потребата за навремено и соодветно да го подржи граѓанското општество во Македонија и сметаме дека ЕУ би можела да согледа некои работи што ги прави УСАИД.“

изјави Клековски.
Финанскиската конструкција на грантовите тежи над 900 000 долари, а проектите што имаат добиено поддршка се во насока на креирање на регионален систем за управување со отпад до соработка со владата на Македонија во креирање на национален план за превенција од семејното насилство.
XS
SM
MD
LG