Достапни линкови

На наредниот самит на Алијансата ќе се потврди политиката на отворена врата


Земјите од Јадранската група треба пред се да ги завршат обврските во државата, а она што може да го очекуваат на наредниот самит на алијансата е да се потврди политиката на отворена врата, оценуваат во македонскиот Евроатлантски совет. Во контекст на кажувањата на државни претставници дека Македонија треба да биде спомената во заклучоците, што би било како гаранција за добивање на покана во 2008 година претседателот на советот, Лазар Еленовски вели

„Мислам дури и да не споменат, ќе биде така да не можеме да бидеме сигурни. И нормално е да е така, зашто остануваат уште две години за завршување на реформските процеси. Треба да си ја завршиме домашната задача.“

Влатко Цвртила, советник за одбарана на хрватскиот претседател Стипе Месиќ смета дека Јадранската група е важен аспект на соработката мегу трите земји кои имаат иста цел членство во НАТО

„Поканата за членство како што е познато, не е само, без оглед на јасниот став на партнерите дека поканата се темели на индивидуални постигнувања, но тоа се остварува и врз основа на други критериуми, стартешки услови, регионална соработка.
Како што стојат сега работите реално е да се очекува дека оваа година нема да има покана ни за една држава, а Хрватска со другите две земји од Јадранската група ке работат на постигнување на стандардите и добивање на покана во нареддниот круг“


Реално е да се очекува при добињето на покани за членство да се повтори досегашното искуство

„После студената војна имаше две проширувања, 1999 и 2004. Се покажува дека е полесно заеднички да се стигне до целите.“

„Со оглед на тоа што досега главните покани беа по групи така може да се очекува дека сите три држави ке бидат заедно поканети, но тоа не значи дека и заедно ке бидат примени“

велат Еленовски и Цвртила.
XS
SM
MD
LG