Достапни линкови

Целулозниот етанол алтернативен извор на енергија


Соединетите Држави се зависни од нафтата, изјави американскиот претседател Џорџ Буш во непдамнешното обраќање до нацијата и најави нови фондови за истражување на алтернативни извори на енергија. Тој дури го посочи целулозниот етанол. Меѓутоа се смета дека е далеку денот кога овој етанол ќе може да ги замени традиционалните горива, јавува од Вашингтон нашиот дописник Јули Корвин.

До целулозниот етанол се доаѓа од остатоците на пченката, кочаните и видови трева. Автомобилите можат да го користат ова гориво измешано со бензин. И кога се користи оваа смеса загадувањето е помало. Затоа за некои етанолот е ветувачка алтернатива. Еден од нив е и американскиот претседател Џорџ Буш.

„Наша цел е да направиме нов вид етанол практичен и компетитивен за 6 години. Тоа и други технологии ќе ни овозможи замена на 75 насто од нашиот увоз на нафта од Блискиот Исток до 2025 година.“

Но иако овие зборови на Буш изнудија ракоплескање од публиката, експертите на обновлива енергија се скептични. Сузи Гринхал од Вашингтонскиот светски истражувачки центар етенолот може да биде напревен дуфри и директно од пченката, но дека тоа нема да биде доволно дури и доколку Соединетите Државио генерираат големо производство.

„Не може да ја замените целата нафта со етанолот. Тоа не е возможно. Јас не мислам дека како земја сакаме целото наше земјоделие да го направиме за производство на енергетска пченка.“

Гринхал смета дека долгорочно решение за Американскиот енергетски проблем е луѓето да станат посвеснио за користењето на енергијата. Како пример ја посочува љубовта на луѓето кон големите спосртски возила кои трошат многу бензин. Други скептици пак велат дека американските политичари често наоѓаат за корисно да понудат надеж за алтернативни извори кога цената на нафтата расте за да изгледа дека нудат решителни мерки за енергетскиот проблем.
Денис Шулц поранешен директор на меѓународни истражувања обновлива енергија и технологија и актуелен претседател на ТСС Консултантска фирма од Калифорнија вели дека бушовата администрација бара милијарда долари за истражување и развој што е помалку од други земји.

„На пример Кина, само во еден фонд за обновлива енергија има 2,5 милијарди долари. Во овие пари не се вклучени други програми кои се во тек или се планираат. Други земји, како Англија или Германија вложуваат и многу повеќе напори.“
XS
SM
MD
LG