Достапни линкови

Итна операција на дигестивниот систем


Здравствената состојба на израелскиот премиер Ариел Шарон денеска се влошила и, како што е соопштено, во тек била итна операција врз неговиот дигестивен систем.

„Неговата состојба е многу сериозна. Тој сега е во операциона сала и неговиот живот е во опасност.“

Изјави за Радио Слободна Европа Јаем Босем Леви, портпарол на болницата Хадасах во Ерусалим, додавајќи дека операција, би траела од три до шест часа. Во текот на денешното испитување на состојбата на Шарон кој, по претрпениот мозочен удар, е во кома уште од четврти јануари годинава, биле констатирани сериозни оштетувања во стомакот. Претходното испитување, извршено пред неколку дена, покажало дека здравствената состојба на Шарон била сериозна, но стабилна.
XS
SM
MD
LG