Достапни линкови

Долготрајност и комплицираност помешано со деликатна дипломатија и политичка волја


Судењето за воени злосторства на поранешниот југословенски претседател Слободан Милошевиќ трае веќе четири години. Судењето на ирачкиот диктатор Садам Хусеин уште на самиот почеток покажа дека би се одолжил. Всушност, не е лесно да им се суди на поранешни шефови на држави. Можеби затоа што во процесите се помешани со деликатна дипломатија и политичка волја.

Никогаш не било лесно пред лицето на правдата да се донесат поранешни тирани обвинети за злосторства. Но, ништо полесно не е и нивното судење. Пред една деценија ниту еден поранешен претседател или премиер не беше изнесен на суд за воени или злосторства против човештвото. Денес постојат многу такви судења, од Африка и Европа, до Блискиот Исток и Латинска Америка. Џон Џонс е британец, но и меѓународен адвокат кој работи во трибуналот во Хаг.

„Секако, во минатата декада најпрвин дојде до формирање на двата ад хок трибунала: оној за поранешна Југославија и оној за Руанда. Сега имате постојан Меѓурадоен кривичен суд во Хаг како и меѓани национални и меѓународни специјални судови например за Сиера Леоне, Источен Тимор, Камбоџа.“

Но, и покрај ваквите напори, правдата очигледно останува спора. Можеби единствено случајот со поранешниот премиер на Руанда Жан Камбанда заврши релативно бргу. Имено, тој во две илјадитата година беше осуден на доживотен затвор поради неговата улога во масовните убиства во таа африканска земја во илјада деветстотини деведесет и четвртата година. Случаите против Милошевиќ и Хусеин се сосема поинакви. Адвокатот Џонс смета дека една од најголемите пречки за нивно брзо завршување е тешкотијата на докажувањето на нивната вмешаност во злоделата. Тој додава дека за тоа придонесува законскиот концепт на таканаречена командна одговорност кој сега е многу широко прифатен. Од друга страна, како случајот што сега се води против Садам Хусеин датира уште од пред дваесет и четири години, доволно време да исчезнат клучните материјални докази што предизвикува одолжување на процесот. Тоа пак, според експертите, ја намалува крајната улога на овие процеси: мир и обнова на дотичната земја.

„Судењето на Милошевиќ е комплицирано и поради тоа што тоја самиот се брани, но и поради тоа трите обвиненија за Косово, за Босна и за Хрватска се обединети во едно.“

Вели адвокатот Џон Џонс кој сепек е на мислење дека правдата иако понекогаш е бавна мора да биде задоволена.
XS
SM
MD
LG