Достапни линкови

Почнуваат Зимските Олимписки Игри


Утре во Торино почнуваат Зимските Олимписки Игри. Очите на љубителите на зимските спортови во наредните две недели ќе бидат свртени токму кон овој италијански град. Но, по се изгледа домаќините не се заинтересирани за олимпијадата. Како и да бидат кога национална обсесија им е фудбалот, а им се ближат и парламентарни избори.

Алесандро Коста го сака морето. Всушност тој може да го гледа Медитеранот од неговата продавница за леб во близина на Палермо, на Сицилија.

„Тука ние уживаме во сонцето и морето. Тука ние повеќе сакаме да пливаме отколку да скијаме.“

Вели Коста кој додава дека намера да го следи големиот светски зимски спортски митинг во Торино. Кристофер Винер, американски новинар кој скоро четири децении живее во Рим вака го објаснува ваквиот став на Коста.

„Не мислам дека Зимската Олимпијада ќе биде интересна за италијанците, бидејќи на неа не се натпреварува некоја нивна спортска ѕвезда.“

До пред неколку дена, според информациите, биле купени само шеесет насто од еден милион билети кои биле пуштени во продажба. од тоа ниту половината не биле купени во Италија. Некои велат дека проблемот лежи во слабиот маркетинг, некои пак сметаат дека луѓето полека почнуваат да ги одбегнуваат големите собири страхувајќи од терористички акти. Од друга страна, постојат најави за штрајкови на италијанските синдикати за време на одржувањето на Олимпијадата. Сепак, како главни прични за недоволната незаинтересираност на италијанците за Зимската олимпијада се наведуваат: Светското фудбалско првенство што на лето ќе се одржи во Германија и парламентарните избори:

„Ние сме во средината на фудбалската сезона. Фокусот врз италијанските тимови во Лигата на Шампионите и врз националното првенство е пред се друго. Тука е и политиката. За месец ипол треба да се одржат избори. Кампањата започна. Медиумите се полни со текстови за или против премиерот Берлускони.“

Вели новинарот Винер кој сепак додава дека италијанците се познати и по тоа што работите ги завршуваат во последен момент. Затоа тој очекува интересот за Зимските игри во Италија да се зголеми тогаш кога тие и ќе започнат.
XS
SM
MD
LG