Достапни линкови

Најмалку две лица загинаа во Авганистан


Најмалку две лица загинаа а девет се повредени во Авганистан во протестите кои продолжија и денеска во рамките на бранот на незадоволство на муслиманскиот свет поради данската карикатура на пророкот Мухамед. Исламската конференција, Обединетите Нации и Европската Унија во меѓувреме упатија апел за итен дијалог за да се намали гневот на муслиманите.

Новите насилства во Авганистан избувнаа во Калат во јужната провинција Забул. Авганистанското министерство за одбрана и полицијата соопштија дека жртвите паднаа откако безбедносните сили отвориле оган за да контролираат масата која фрлала камења. Инаку гневот не стивнува и во другите муслимански земји како во Ирак на пример.

Исламската конференција, Обединетите Нации и Европската Унија во меѓувреме упатија апел за итен дијалог за да се намали гневот на муслиманите. Трите организации упатија соопштение во кое велат дека ја разбираат длабоката навреденост и индигнацијата која ја чувствува муслиманскиот свет поради карикатурата на Пророкот Мухамед. Но исто така се наведува дека насилните акти ги надминаа границите на мирни протести. Портпаролот на Стејт Департменот Шон Мек Кормак во врска со протестите изјави.

„Ние повикавме на разбирање и толеранција, а не насилство. Ги повикавме владите да ја снижат температурата, да се смири ситуацијата и да се разговара. Тажно но тоа не го видовме од владите на Иран и Сирија. Би сакал да додадам дека немаше спонтани протести во Дамаск ако не барем со знаење и подршка на сириската влада.“

Во врска пак со конкурсот што го објави иранскиот весник за натпревар за карикатура на Холокаусот како одговор на карикатурата на пророкот Мухамед портпаролот на Стејт Департментот Мек Кормак изјави.

„Секој обид да се исмејува или да се негира ужасот на Холокаустот е едноставно е срамотно.“
XS
SM
MD
LG