Достапни линкови

Во Македонија отсуствува стратегија за земјоделството


И покрај тоа што Македонија важи за држава со големи земјоделски капацитети, отусуството на стратегија во оваа гранка е една од главните причини што државава се повеќе станува зависник на увезена храна, наместо да ги користи сопствените капацитети и да го потикнува извозот, посочуваат и експертите, како и луѓето од земјоделската дејност. Имено ова е причината и за големиот трговски дефицит, кој според податоците од Државниот завод за статистика минатата година, за увоз на прехрамбени производи биле потрошени 345 милиони долари, а извезеното количество на домашни произовди изнесува 170 милиони долари. Економскиот експерт професор Душан Вељковиќ, објаснувајќи ги причините вели:

„Неискористувањето на можностите за производство на т.н. еколошки здрава храна, исто така имаме проблеми со асортиманот, пакувањето, квалитетот, транспортот. Едноставно не постои некоја осмислена аграрна политика во Македонија, што е парадоксално во една земја во чија стопанска структура нагласено и значајно место има аграрот, постојано да има дефицит.“

Илустрирајќи го индолентниот однос на властите во насока на нивниот ангажман за донесувањето на стратегија за земјоделието, професор Вељковиќ изјавува:

„Една група автори, професори од МАНУ изготвивме студија, стратегија за извоз на Република Македонија, ја предадовме на тогашното Министерство за развој, тие ја ставија во фиока и никој од тогаш не презеде ништо во правец на зголемување на извозот.“

Земјоделците од државава години наназад се жалат на проблемите со кои се соочуваат. Драган Мицевски земјоделец од прилепскиот регион произведувач на пченинца, вели дека оваа година неможел да го продаде својот производ, а освен тоа Владата ја укина и премијата за овој вид на род. Со ваков однос од страна на Владата, кога станува збор за стратешки производ, јасно е на што е сведен аграрот во земјава, потенцира Мицевски, кој додава што се е потребно за развој на земјоделството:

„Треба да има семенски материјали, да има регреси со нафтата, бидејќи тоа меѓу другото е голем проблем за земјоделието итн. И затоа сите овие проблеми во земјоделието, кулминираат со штрајкови и јас сметам дека штрајкови треба да има, за да и се покаже на Владата дека сме незадоволни.“

посочува Мицевски.
XS
SM
MD
LG