Достапни линкови

Доближување на полицајците до граѓаните


Еден од условите Македонија да ја унапреди демократијата е да ги спроведе реформите во полицијата. Тоа практично значи, полицијата да стане сервис на граѓаните. Војче Зафировски од Министерството за внатрешни работи објаснува:

„Тоа пак нужно ќе доведе до промена на вкупната безбедносна свет и култура кај граѓаните, бидејќи ќе имаат во полицајците соработници, соговорници, ќе имаат луѓе на кои ќе можат да се потпрат. Едноставно треба да исчезне недовербата, ќе треба да се срушат сите табуа во однос на полициската организација, значи мораме да воспоставиме комуникација со граѓаните, затоа што полицијата конечно треба да стане сервис на граѓаните. Всушност реформата ќе ја завршиме токму тогаш кога ќе се промени менталната матрица на полицајците.„

Овој процес е формално започнат во 2002-та година кога се изготвила стратегија за реформи во полицијата, а треба да заврши до крајот на годинава:

„Процесот на реформа е долготраен процес, неможе никој да ви каже кога ќе заврши реформата, бидејќи таа е еден континуиран процес и никогаш неможеме да бидеме задоволни од она што е постигнато, затоа што секогаш има подобро. Во најголем дел од организацијата на полицијата, од методологијата на работење на полицијата стратегијата е имплементирана, ни остана уште оној клучен сегмент, подрачните полициски служби, односно секторите за внатрешни работи и полициските станици.“

Додава Зафировски. Амбасадорот на мисијата на ОБСЕ во земјава, Карлош Паиш вели дека концептот на полицијата што треба да се усвои во земјава е комплициран, а е карактеристичен за демократските општества:

„Полицијата сега има пристап до секое ќоше од вашата земја. Тоа е тежок концепт кој го има во земји како Британија, Шведска, Холандија, а сега и вие започнувате да го имате и ние сме горди со тоа.“

Сепак најважните промени за македонската полиција ќе се случат кога ќе се донесе новиот закон за полиција. Според најавите тоа треба да се случи наредниве месеци.
XS
SM
MD
LG