Достапни линкови

Опасноста од терористички напади е голема


Рамсфелд прецизира дека американските одбранбени и разузнавачки служби прават се што можат за да спречат нови терористички напади и оти засега имаат извесен успех. Но, тој ги предупреди американците да не бидат опуштени.

„Битката, вистинската битка е тест на умешноста и бојното поле не е толку во Ирак или Авганистан колку што е тука во Соединетите Држави и во главните градови на западните нации. Тие оперираат скришум, на Интернет, во училиштата и медресите, преку хуманитарни организации и со лажни пасоши. И бидејќи се кријат во сенка тие можат долго време да чекаат меѓу два напада.“

Изјави Рамсфелд, додавајќи дека опасноста од терористички напади денес е поголема од кога и да е претходно. Тој додаде дека Вашингтон им помага на другите земји да се борат против терористичките групи на нивна територија. Рамсфелд повтори дека војната против муслиманските екстремисти ќе биде долготрајна и оти терористите не може да бидат победени на бојното поле. Сепак тој за оваа војна вели:

„Мислам дека ќе заврши. Студената војна заврши. Никој не знаеше кога и дали тоа ќе се случи. Требаше да минат четириесет и пет години, но заврши. И војната против терористите ќе заврши. Но, мислам дека тоа нема да биде помпезно и гласно, туку тивко. Таа ќе исчезне за одреден временски период како што повеќе земји ќе бидат поуспешни во справувањето со тероризмот.“

Оценува Рамсфелд, кој посочува дека поради воените потреби во Ирак и во Авганистан би сакал да дојде до намалување на бројот на американските војници на Косово. Тој притоа сугерира другите членки на НАТО да преземат поголема одговорност во зачувувањето на безбедноста во покраината. На Балканот дојдовме заедно и заедно ќе си одиме, но лично се надевам дека ќе може да го намелиме бројот на нашите војници, изјави Рамсфелд. Соединетите Држави имаат илјада и шестотини војници во НАТО мисијата на Косово која брои околу шеснаесет илјади војници. Инаку, новинските агенции јавуваат дека админситарцијата на Џорџ Буш планира да побара од Конгресот дополнителни сто и дваесет милијарди долари за американските воени операции во Ирак и во Авганистан.
XS
SM
MD
LG