Достапни линкови

Субвенции за тутунот и заштита на тутунарите


Се додека не се субвенционираат тутунопроизводителите и не се донесат мерки за заштита на тутунарите, оваа земјоделска дејност ќе се соочува со хронични проблеми кои кулминираат и се повторуваат скоро секоја година кога отпочнува сезоната на откупот на тутунот, реагираат тутунопроизводителите од земјава.
Во екот на протестите на тутунарите кои траат повеќе од две недели како своевиден револт за начинот и цената одредени од Владата за купувањето на нивиот производ, Министерството за земјодлество најавува дека подготува нов закон за тутун како долгорочна мерка за решавање на овој повеќе годишен проблем.

„Во новиот закон ќе бидат регулирани сите односи во производството и отукупот, меѓутоа новина е тоа што со новиот закон ќе се одвојуваат и средства за тутунопроизводителите, односно од секоја кутија цигари три денари ќе бидат одвоени за земјоделците, од кои најголем дел ќе бидат одвоени за тутунопроизводителите, со што државата ќе го подржи ова производство.“

изјавува Соња Трајкова портпарол на Министерството за земјоделие.

Тутунарите пак, потенцираат дека за изготувањето на закон со кој ќе се решат нивните проблеми апелираат подолго време, но досега не наишле на разбирање од страна на Владата:

„Исто така треба да се реагира со донесување на субвенции за заштита на тутунопроизводството како стратешка култура во Македонија, како што го имаат регулирано и сите наши соседи, но тоа треба да се направи во најкус можен рок.“

вели Марјан Додевски производител на тутун од Прилеп, кој додава дека сега е доцна и поради нивното незадоволството годинашниов проблем Владата ќе мора да се реши интервентно:

„Сега веќе нема време за чекање да се донесува закон за туутн, бидејќи се доведува во прашање и годинашното производство на тутун.“

Тутунопориводителите и денеска блокираа повеќе патни правци во земјава, барајќи погоема цена од Владата за отукупот на тутунот. Доколку не се исполнат нивните барања пред се за загоелмвуањето на цената тие најавуваат и проадикални мерки.

„Минимални цени бараме, 150 денари не е некоја цена, но некој најверојатно профитира од оваа работа, затоа што 80 денари за откуп е навистина да се замисли човек зошто е тоа така.“

реагира Пецо Додовски претседател на Здружението на тутунопроизводителите.
XS
SM
MD
LG