Достапни линкови

САД мора да останат лидери во светот


Претседателот Џорџ Буш го отфрли изолационизмот, оценувајки дека Соединетите Држави мора да останат лидери во светот и да ги обезбедат мирот и безбедноста.

„Во комплексно и предизвикувачко време, патот на изолационизам и проктеционизам, можеби изгледа примамлив, но е опасен. Единствен начин да го заштитиме нашиот народ и да го обезбедиме мирот, е нашето лидерство.“

Буш истакна дека офанзивата против тероризмот е повеќе од воена акција и оти единствен начин да биде победен е да се победи неговата мрачна визија со понуда на перспективна алтернатива на политичка слобода и мирољубиви промени. Соединетите Држави и сојузниците ќе победат во Ирак, изјави Буш, отфрлајки ја можноста од брзо повлекување на американските сили од таа земја. Американскиот претседател директно им се обрати и на иранците.

„Америка ве респектира и ја респектира вашата земја, како и вашето право да си ја определите иднината и да ја извојувата споствената слобода. Нашата нација се надева дека еден ден ќе бидеме блиски пријатели со слободен и демократски Иран.“

Буш оцени дека Иран моментално е заложник на исламската верска елита, која го изолира и репресира сопствениот народ, а ги подржува терористите на палестинските територии и во Либан. Тој оцени дека Иран е и нуклеарна закана за светот и оти меѓународната заедница не смее да му дозволи да развие нуклеарно оружје. Претседателот Буш во говорот во Конгресот се заложи и Соединетите Држави да го редуцираат увозот на нафта од Блискиот Исток за 75 насто до 2025-та година.

„Моментално имаме сериозен проблем. Америка е зависна од нафтата, која најчесто се увезува од нестабилни делови на светот. Најдобар начин да се прекине таа зависност, е да се развиваат нови технологии.“
XS
SM
MD
LG