Најмалку 20 лица се повредени од кои едно лице потешко, но сите се вон животна опасност, кога утринава, приватен градски автобус со број 52 кој сообраќал на релација Скопје село Ржаничено се удрил со минибус на Министерството за внатрешни работи во кој се наоѓале осумина полицајци. За првичните причини за сообраќајната несреќа портпаролот на МВР Борче Пешевски изјавува:
„Автобус за градски превоз на патници од засега непознати причини преминал на спортивната лента и удрил во минибус во сопственост на Министерството за внатрешни работи.“
Повредените се префрлени во градската болница во Скопје. Меѓу нив, само едно лице, припадник на Министерството за внатрешни работи се здобило со потешки повреди, ни изјави директорот на Градската болница доктор Божин Ефтимов. Дел од останатите се пуштени на домашно лекување, а кај задржаните станува збор пред се за скршеници на екстремитетите:
„Сабајле се примени 14 пациенти од кои пет се задржани во нашата клиника. Од нив четири се полесно повредени, а еден потешко, но сите се надвор од животна опасност и тие се хируршки збринети.“
вели доктор Ефтимов.