Достапни линкови

Опасност од сериозно нарушување на имиџот на Македонија


Можноста за постоење на тајни затвори на ЦИА во Европа една од главните теми во Евроспкиот парламнет и Советот на Евроа деновие. Формирана е испецијално комисија која треба да ги испитува можното постоење. И Македонија е спомента како земја во која што се можни тајни затвори. Повод германскиот државјанин со либанско потекло Калид Ел Масри кој тврди дека 23 дена бил држен и мачен во притвор а потоа пренес во Авганистан

Какви полседици може да има овој сличај врз нашите односи со меѓународната заедница и евроинтегративни процеси..Професорот по мегиународно право Тони Дескоси смета дека последиците можат да бидат сериозни:

„Доколку се утврдат злоупотреби на човековите права, сериозно може да наштети имиџот на Република Макеоднија, како земја во која сериозно “

Спред Звонимир Јанкуловски поранешен македонски амбасадор во Советот на Европа пак самиот факт што европските институции во извештајот ја споменуваат Македонија како земја во која има можност за постоење на тајни центри за сослушување е доволен за загриженост:

„Може да го забави процесот на асоцијација во ЕУ. Нешто што на никого не му одговара во државата. Власта мора да ја симне одговорноста од себе и од државата за се она што се обвинува а случајот Ел Масри.“

Но од кога е отворен случајот, Ел Масри е на едната страна со своите тврдењан.Тој преку својот адвокат ке прати и писмо со кое од Парламентот ќе бара одговор за тоа што рвди дека му се случувало. Македноските власти ја префрлуваат топката. Неодамна премеирот Бучковски изјави:

„Официјалните изјави во оваа фаза ги дава МВР. Нов момент е барањето на германскиот јавен обвинител ги добие релевантните информации од македонското обвинителство. Сите информации ќе ги барате во овие две институции.“

Македонија пак два пати поденсе извештај за случајот до европските институции но од нив тој беше оценет како нецелосен.Експретите пак одолжувањето на давњето информации од страна на државните органи го оценуваат како погрешен потег. Имиџот може да се подобри само со соработкатѕа сметаат тие:

„Не мора да има тешки последици ако случајот се расфетли од почетокот до крајот. Секој обид да се прикрие или да се скријат фактите, може сериозно да и наштетат на Република Македонија“

„Само со презентирање на фактите може да се скине одговорноста од себе,“


велат Дескоси и Јанкуловски
XS
SM
MD
LG