Политичката сцена на Косово по претседателот Ибрахим Ругова аналитичарите ја оценуваат како непредвидлива. Сепак за сега не се очекуваат големи промени. Се смета дека Демократскиот сојуз на Косово како најголема партија на косовските албанци зега без Ругова е права енигма. Политичкиот аналитичар Шкељзен Малиќи вели дека не очекува тензии, но дека секако се очекува борба на поединци за власт, посебно за местата, претседател на Косово, преседавач на преговарачкиот тим и лидер на Демократскиот Сојуз.
„Краткорочно ќе имаме статсус кво поради преговорите и меѓународнуиот притисок ституацијата да не се влошува. Покрај борбата за власт ефектите ќе се почуствуваат од почетокот на летото, бидејки се најавува поделба на Демократскиот Сојуз на различни фракции.“
Од друга страна по смрта на претседателот Ругова во српската заедница на Косово постои стравување од смената на власта и неизвесноста од новите одлуки. Горан Богдановиќ член на преговарачкиот тим на Белград од Косово изрази загриженост дека на сцената на косово можат да дојдат радикални сили.
„Политичката сцена на Косово е интересна од проста причина што додека беше претседателот Ругова постоеше каква таква надеж за некаков компромис меѓу официјален Белград и Приштина. Секако ние очекуваме дека албанскиот тим за преговори да биде конструктивен и дека ке бара некаково компромисно решение.“
Аналитичарот Малиќи не ја отфрла можноста Белград да го искористи вакумот на политичката сцена на Косово и да проба да го забави целиот процес на преговори.
„До политичка криза може да дојде поради преговорите, бидејки во Србиоја владее мислење дека преговарачкиот процес мора да се запре и тоа е сега предизвик за меѓународната заедница и косовските политичари.“
Сепак сите се сложуваат дека нема да се дозволи Косово да влезе во криза. Се смета дека преговорите за финалниот статус на Косово ќе продолќат бидејки за тоа е поставена платформата за што е отворена и канцеларијата на меѓународната заедница во Виена.