Достапни линкови

Средствата од странство се користат и со неколку години задоцнување


За оваа година од фондовите на Европската унија, Македонија може да искористи околу 40 милиони евра доколку понуди добри проекти. Но, се случува на пример средствата да се користат и со две години задоцнување, така на пример декември минатата година беше објавен конкурс за поддршка на платформи на граганското општество, средства од програмата КАРДС за 2003 година. На што се должи оваа појава и зошто навреме не се користат средствата и конкурсите се објавуваат и со неколку години задоцнување Владимир Милчин од Институтот отворено општество вели

„И во случај кога се отворени, за нив е потребна согласност од Владата, дека тоа спаѓа во приоритети. Она што мислам дека Македонија го има како проблем е тоа што ЕУ сеуште нема гаранции дека распределбата на средствата во Македонија ќе се одвива транспарентно и со отчетност и мислам дека тоа е работа на Владата која треба институционално да ја обезбеди таа транспарентност и отчетност. Она што исто така е проблем што ние сеуште немаме доволно луѓе кои се способни да изготват голем проект според стандардите на ЕУ.“

Накратко, додава Милчин, ние имаме проблем на наследениот менталитет и недоволниот капацитет на нашите институции, пред се владините. Според поранешниот вицепремиер за евроинтеграции Зоран Крстевски сето ова негативно влијае на имиџот на Македонија

„Кога странците даваат пари мислат дека тоа го прават за наше добро. Но кога изгледа дека ние не ги користиме, а всушнот ефектите од тие пари се да се изврши одредена хармонизација или да се променат одредени состојби, но кога не се користат тоа ним им изгледа дека нам не ни се брза за влез во Европската Унија.“
XS
SM
MD
LG