Достапни линкови

Вестите и спортските преноси во иднина без реклами


Гледате вести или спорт и ,,течат,, повеќе минутни реклами, тоа веќе нема да биде случај, бидејќи со новиот закон за радиодифузија на комерцијалните телевизии им е забрането емитување на реклами за време на траењето на овие програми. Радио станиците мора задолжително да емитуваат 30% македонска музика, а на јавниот дифузер МРТВ која се финансира од претплатата на граѓаните и се лимитира просторот за пуштање на маркетиншки програми на 7%, во корист на комерцијалните медиуми, ова се само дел од одредбите содржани во новиот закон за радиодифузија. Но, иако на почетокот на ноември 2005-тата, беше донесен, а кон крајот на месецот и стапија на сила новите законски правила, ниту еден од радидифузерите во земјава, не се придружува кон нив. Заменик претседателот во Советот за радиодифузија Илир Ајдини објаснува:

„Доколку не сакаат да ги прифатат новите одредби ќе можат да рекламираат, конкретно во вести, се додека им траат концеските договори, односно додека не ги усогласиме со новите одредби, односно со лиценците. Но, кога ќе се премине од договори на лиценци тогаш веќе ќе важат одредбите од новиот закон.“

Се наоѓаме во преоден период и со почитувањето на одредбите од законот ќе започнеме за околу еден месец, вели директорот на А1 телевизија Дарко Перушевски. Но, тој реагира на рестриктивните законски одредби кои од една страна ги ограничуваат медиумите, а од друга воопшто не ги заштитуваат од дивите радиодифузери и пиратеријата:

„Сите тие рестрикции се воведоа и образложението беше дека се направени по европски норми, но најголемата ,,рак рана,, малиот пазар и пиратеријата, сеуште негледа никакви мерки за нивно разрешување“

потенцира Перушевски.

На нерешениот проблем со нелојалната конуренција и на недореченостите во законските одредби, не се задоволни ниту во радио станици. Но, оттаму потенцираат дека најмногу им пречи што законот не се имплементира:

„Се на се би истакнала дека, ние имаме закон, но истиот мора да се имплементира и да се стави крај на хаосот кој владее во етерот, а во исто време мора да се создаде амбиент за развој на медиумите, затоа што и Европа го бара тоа од нас.“

изјавува Емилија Гаврилова од радио Канал 77.
Со новите законски одредби Советот за радиодифузија доби целосен капацитет во доделувањето на лиценците за медиумите, што досега го правеше Владата.
XS
SM
MD
LG