Додека трае втората фаза од тендерската постапка за продажбата на македонското Електростопанство, граѓанското здружение „Глас за светлина“ од денеска, па се до сабота започнува протести, во уште еден обид да се апелира до власта да не го приватизира најголемиот имот на државата. Либерализација на пазарот, донесување на законодавството во врска со електричната енергија, реално функционирање на сите три дела на ЕСМ, како и да не се продава ,,ниту дел,, од Електростопанство додека не се влезе во Европската Унија, ова се главните барања на здружението „Глас за светлина“ што и во рамки на овие протести ќе и бидат укажани на Владата. Без исполнување на овие барања, како и без дополнителни анализи ,,главниот удар,, од најавената приватизација ќе падне на грбот на граѓаните, предупредува Горан Ташковски претседател на Здружението ,,Глас за светлина,,:
„Владата незнае што ќе прави со парите што ќе ги земат од продажбата, а најверојатно ќе бидат мали, бидејќи голем дел ќе бидат провизии што ќе се стават во приватни џебови. Значи за некои ова ќе биде ,,златна кокошка“ а трагедијата ќе биде што за народот и стопанството ситуацијата ќе биде трагична, што значи дека сигурно ќе има големо покачување на струјата.“
Во рамки на шест дневните протести на Здружението, ќе бидат блокирани пет клучни сообраќајници во центарот на Скопје, вклучувајќи ја и онаа пред Владата. Со секој протест во Скопје буквално се парализира функционирањето на градот. Така беше и при последниот протест на таксистите, што на крајот најмногу го почувствуваа граѓаните. Од Здружението „Глас за светлина“ изјавуваат дека имајќи го во предвид ова, улиците ќе бидат само делумно блокирани, а според нив протест на улица против продажбата на ЕСМ е единствениот начин да се изврши притисок врз надлежните, бидејќи како што вели Ташковски, станува збор за ,,животно прашање,,:
„Значи ова е еден дел од нормалните демократски средства, што ние максимално ги користиме. Подобро ние сега да го блокираме Скопје, отколку подоцна цела држава да ни биде блокирана.“
Протестот е најавен во Министерството за внатреши работи кое пак, соодветно ќе реагира за време на траењето на демонстрациите:
„Во врска со протестите од страна на Министерството ќе бидат преземени сите потребни мерки со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот, а воедно организаторот ќе биде предупреден на последиците од непочитувањето на законот за јавни собири.“
Изјавува Борче Пешевски портпарол во МВР. Од Здружението „Глас за светлина“ досега неколку пати беа организирани протести против продажбата на ЕСМ.