Достапни линкови

Усогласување на ставовите за изборното законодавство


Премиерот Владо Бучковски со неговите пет коалициски партнери наспроти Груевски кој доаѓа заедно со лидерите на Либералната Партија Стојан Андов, Социјалистичката партија Љубисав Иванов-Ѕинго и Земјоделско-народната партија на Марјан Ѓорчев, денеска петок 13-ти, ќе се обидат да ги усогласат своите ставови во однос на изборното законодавство кој е еден од најголемите предизвици со кој ќе се соочи земјата во нејзиниот пат за интеграција во Евроатлантските структури. ВМРО ДПМНЕ пред Премиерот ќе ги повтори своите забелешки за новото изборно законодавство кои претходно не беа земени во предвид при усвојувањето на нацрт предлогот од страна на Министерството за правда:
„По важните се во однос на изборниот модел за што ние ќе се залагаме за мнозински во два круга, исто така во однос на претседателот на ДИК, во однос на време траењето на изборната кампања, како и во однос на граѓаните кои што се наоѓаат во странство и мислам дека пред нешто да излезе во процедура треба политичките партии да се согласат.“
вели Трајко Вељановски од ВМРО ДПМНЕ. И Стојан Андов од Либералната Партија со сличен став:
,,Наше настојување ќе биде, законот што поскоро да се донесе и да се усогласиме. Со тоа веќе почнуваат нормални услови за одржување на фер и демократски избори. Тоа е наша историска шанса и не смееме да ја пропуштиме. Инаку, имаме замерки кај некои одредби.“
Опозицијата се надева дека оваа средба нема да биде залудна како што биле претходните. Власта мора да покаже воља и да ги прифати предлозите на опозицијата, вели Вељановски:
„До сега немаше воља од власта, за овој закон мора да има воља, затоа што лошо е од самиот почеток, а тоа е донесувањето на изборниот закон да имаме незадоволство кај некоја политичка партија.“
Дијалогот меѓу опозицијата и Владата за изборното законодавство започна во средата со средбата на премиерот Владо Бучковски и В.Д. претседателот на ВМРО-Народна партија Весна Јаневска и таа беше оценета како конструктивна. Со ваквите средби премиерот Бучковски сака да покаже дека Владата е подготвена за отворен дијалог со опозицијата по значајни прашања за државата и има за цел зајакнување на меѓусебната доверба и разбирање како и зацврстување на демократијата.
XS
SM
MD
LG